13.8 C
Скопје
17:32 - 19 април, 2024

Славниот актер искрено за најголемата грешка во животот: Бракот ми се распаѓаше, а јас пиев сè повеќе и повеќе

Холивудскиот актер Бен Афлек призна дека најмногу се кае поради одлуката да се разведе од актерката Џенифер Гарнер.

Бен (47) почна да се забавува со Џенифер (47) во 2004 година, а само една година подоцна тие се венчаа.

Меѓутоа, откако поминаа една деценија во брак, поточно во 2015 година, парот објави дека повеќе не живеат заедно. Разводот е финализиран три години подоцна.

Сега актерот одлучи отворено да зборува за бракот и одлуката да се разведе од сопругата Џенифер, па нагласи дека во животот најмногу се кае токму поради таа одлука, пренесува „Метро“.

Фото: Профимедиа

Срамотата е навистина отровна. Како што ми се распаѓаше бракот, така почнував сè повеќе и повеќе да пијам, а со тоа се создадоа уште повеќе проблеми во нашиот брак – рече актерот.

Бен во 2017 година се пријави во центар за одвикнување од алкохол. Истата година тој им се обрати на обожавателите преку Фејсбук, па истакна дека сака да се рехабилитира и да стане најдобриот татко на светот.

Сакам моите деца не се срамат да побараат помош кога ќе им биде потребна. Среќен сум што имам семејство и пријатели кои ме сакаат, вклучувајќи ја и мојата Џен, која ме поддржа и се грижеше за нашите деца – додаде актерот.

Минатата година Бен призна дека повторно попуштил и одново на кратко му се вратил на алокохолот.

Бен и Џенифер, кои имаат три деца – Вајолет, Серафина и Семујел, со која и по разводот останале во добри односи.

Пред да се ожени со Гарнер, Бен Афлек беше во врска со актерката Гвинет Палтроу, а дури кратко време беше верен и со латино дивата Џенифер Лопез.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....