20:06 - 18 април, 2024

Славната актерка за мрачните моменти од почетокот на кариерата: Ми се случуваа страшни работи…

Денеска 43-годишната актерка е ценето лице во светскиот шоубз, со освоен Оскар, Еми награда и Златен Глобус, но пред три децении, Риз Витерспун беше тинејџерка која допрва ја започна својата кариера.

Иако сега има успешна кариера, почетокот на нејзините актерски денови го карактеризираат мрачни сеќавања.

Кога во интервју за „Vanity Fair“ ја прашаа дали е опасно толку млад да се работи во светот на возрасните, Витерспун само одговори: „Ми се случија страшни работи. Бев вознемирувана, малтертирана“.

Витерспун вели дека и е многу тешко да зборува за тоа, а откри и дека неодамна новинарка ја прашала зошто од порано не излегла со овие информации во јавноста.

Јас мислев дека е интересно да зборувате со некој кој доживеал нешто слично, а потоа го осудувате начинот и одлуката како и кога некој ќе зборува за тоа. Зборувате за тоа кога сте подготвени тоа да го направите – рече Витерспун за „Vanity Fair“.

Витерспун додава дека дотичната новинарка во својот текст напишала дека таа е себична, бидејќи не зборувала за тоа од порано.

Актерката, исто така спомена дека пред 25 години не постоела ваква клима, како ниту социјални мрежи, каде сега жртвите на сексуално насилство јавно ги изнесуваат своите приказни и добиваат поддршка од оние кои доживеале нешто слично. 

Витерспун моментално глуми во серијата „The morning show“ заедно со Џенифер Анистон, а исто така таа е и една од продуцентките на серијата.

Слични објави

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ објави приватна преписка со нејзиниот татко! Овие зборови нема никого да остават рамнодушен

Еспресо

Големата парада на планетите до крајот на април: Што да очекуваат хороскопските знаци? 

еспресо
Се вчитува....