9.8 C
Скопје
21:08 - 25 април, 2024

Синот на Синди Крафорд оди на лекување од дрога! (ФОТО)

Младиот манекен, Присли Гербер (20), уште попознат како син на славната актерка и модел Синди Крафорд (54) и Ранде Гербер (57), забележан е како оди во клиника за одвикнување и тестирање на дрога во Малибу, и тоа во период кога растат шпекулациите за тоа дека неговото семејство станува сè позагрижено за него.

20-годишниот Гербер, кој неодамна го тетовираше зборот „misunderstood“  што значи „несфатен“ на десниот образ, се обиде да помине незабележано криејќи го погледот, меѓутоа камерите го фатија пред самата клиника.

Фото: Профимедиа

Во клиниката помина 10 минути пред да излезе надвор за да си купи сендвич и шише вода, по што повторно се врати во клиниката, каде остана подолго време.

Инаку, за потсетување, Присли, поради возење под дејство на дрога и опојни средства беше уапсен кон почетокот на 2019 година.

Неговите родители од тој ден се обидуваат да му помогнат на секој можен начин.

Во јуни истата година манекенот беше запрен од страна на полицијата при возење со 0,8 промили алкохол во крвта, па во таа прилика службените лица му одредија одвикнување, условна казна и два дена општокорисна работа.

Слични објави

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо

Сеќавање на Велибор Џаровски-Џаро: „Животот е едно големо зезање“

еспресо
Се вчитува....