13.8 C
Скопје
20:08 - 23 април, 2024

Шок на сцена! Пејач почина на неговиот настап: „Прекина со свирење, се извини и ја спушти главата“… (ФОТО)

Американскиот кантавтор Дејвид Олни (71) почина на бина во саботата навечер на 18 јануари, за време на својот настап во фестивал во Флорида.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, пејачот на една од своите песни, недолго по почетокот на концертот застанал на среде песна, се извинил и потоа затворил очи и замолчил…

– Тоа беше на неговата трета песна. Прекина, се извини и затвори очи – објавила на Фејсбук една музичарка која седела до несреќниот човек.

Фото: Принтскрин

– Беше мирен, седеше мирно, држело гитара, а на себе имаше кул шешир и јакна – додала таа.

Скот Милер, еден од двајцата музичари кои биле на сцената со починатиот пејач, се обидувал да го оживее Дејвид, но безуспешно. И тој се огласил на Фејсбук и раскажа што се случило.

– Минатата вечер го загубивме Дејвид, еден од најпријатните кантавтори кого имав задоволство да го запознаам и да научам многу од него, а потоа објасни што се случило.

– Дејвид направи пауза, рече: „Жал ми е“, а потоа брадата му падна на гради. Беше тоа лесно и нежно, онака каков што тој беше. Го спуштивме и направивме се што можевме да го оживееме. Светот вчера го изгуби еден од најдобрите луѓе. Но, ни остануваат неговите песни – напишал тој.

 

 

Слични објави

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо

(Видео+фото) Ќеркичката на Никола Роквиќ плаче додека се збогува со својот татко кој тргна пеш за Грција на пат долг 1.150 километри

Еспресо

(Фото) Марко „Дај побрзај“ стана татко: Се родија близнаците Вања и Веда

Еспресо
Се вчитува....