4.8 C
Скопје
05:56 - 20 април, 2024

Шерон Стоун на 62 години позираше за „Вог“ и ја шокираше јавноста: Се допишувам со разни чудаци и затвореници (ВИДЕО)

По два пропаднати бракови и неколку неуспешни врски, актерката Шерон Стоун призна дека одлучила  да пронајде нова љубов преку апликациите за запознавање.

Во големо интервју за германски „Вог“, чија насловна страница ја краси токму прекрасната Шерон, таа раскажа како изгледа допишувањето преку апликациите и се пошегува дека е малерозна кога станува збор за мажите.

– Јас се допишував со сите, од поранешни затвореници, до социјални чудаци кои претпочитаат да поминуваат време со кучиња отколку со луѓе – вели таа и признала дека во моментот се допишува со воздухопловен инженер.

Шерон се осврнала и на нејзиниот живот во Холивуд.

– Почнав да ги добивам главните улоги дури откако се соблеков за „Плејбој“ – признава Шерон.

– Беше една многу мизогинистичка ера пред 20 години. Мел Гибсон, кој е три години постар од мене, мислеше дека сум премногу стара за да глумам со него- додаде Шерон.

И покрај тоа што веќе има 62 години, таа ја одржува беспрекорната линија, а откри и дека долго време се борела со прифаќањето на своето тело.

– Во еден период од своите четириесетти години, се случуваше да одам во тоалет со шише вино да се заклучам и да си кажам дека нема да излезам надвор додека во потполност не го прифатам своето тело – призна сексапилната актерка, која важеше за секс симбол од нејзиното време.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Том Круз наполни 18 години: Од него ни трага ни глас, дури ни на роденденот на Сури

еспресо

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо
Се вчитува....