21.8 C
Скопје
16:29 - 24 април, 2024

Шерон Озборн ја смени фризурата по која беше впечатлива! (ФОТО)

Шерон Озборн (67), сопругата на британскиот рокер Ози Озборн, скоро 2 децении е црвенокоса, но сега се одлучи за драстична промена.

Всушност, таа собра храброст и се одлучи на природно бела боја која ќе се вклопи со седите влакна. Тоа нема да биде чудно доколку Шерон за таа промена не се предомислуваше дури 18 години.

„Уште еден прекрасен ден во мојата кариера. Шерон има 100% бела коса и ја боеше еднаш недело во впечатливо црвена, скоро 18 години. Таа ми објасни дека оваа трансформација ја сакала оддамна, но секој пат кога ќе се обидела, завршувало со катастрофа. Шерон беше многу уморна да се бои еднаш неделно. Тоа беше задолжително, бидејќи скоро секој ден е на телевизија. Не ѝ ветив ништо, но ѝ реков дека ќе се потрудам. Ми требаа вкупно 8 часа од почеток до крај да ја доведам до платинесто руса, така што ќе не мора да биде посветена на боење на косата секоја недела. Одлично си го поминав слободниот ден со оваа прекрасна, неверојатна и слатка душа“, напиша Џек Мартин во описот на фотографијата.

https://www.instagram.com/p/B8rabbApRJd/?utm_source=ig_embed

Корисниците на Инстаграм се согласија дека оваа боја подобро ѝ стои и дека ја подмладува.

Тоа ѝ било и целта, бидејќи често иде на третмани за лици и неодамна подлегна на четвртиот лифтинг на лицето.

Зборувајќи за лифтингот на лицето, вели дека нејзините козметички подобрувања биле како „сервис на автомобил“.

Слични објави

Октриени детали за смртта на водителката Бојана Јанковиќ: Познатиот глумец со потресни зборови

еспресо

Јована Јеремиќ со бизарна изјава: И мртва планирам да доминирам, ќе бидам култна како Мерилин Монро

Еспресо

(Фото) Сопругата на Дарко Лазиќ по веста за бременоста објави слика во хеланки и гол стомак

Еспресо

Инцидент на снимањето на новиот филм на Еди Марфи, повредени неколку членови на екипата

еспресо

Мелина Џиновиќ за своите деца: „Мило ми е што Кан не е како Џина“

еспресо

Еве кој му прави друштво на Никола Роквиќ на патот до Грција: „Поединец не може ништо сам!“

еспресо
Се вчитува....