9.8 C
Скопје
07:46 - 29 март, 2024

Секоја кинематографија би била горда на нив: Ова се најубавите германски актерки! (ФОТО)

Германија стана вистинска велесила на сите социјални мрежи, па името на оваа земја моментално предизвикува повеќе асоцијации.

Така, Германија е синоним за најразвиена европска земја, во која доминираат, пивото, фудбалот, економијата, но и убавите жени.

Германките навистина се вбројуваат меѓу најубавите жени на светот, а посебно се истакнуваат тамошните модели и актерки.

Во продолжение запознајте некои од нив:

Диана Кругер

Откако манекенската кариера ја замени со актерска,  Диана Кругер се пресели во Париз. Во 2004 година таму ја доби првата позначајна улога – тројанската Хелена. Од тогаш Кругер глумеше во бројни холивудски филмови. Еден критичар коментираше дека Диана е толку убава, што може да одговори на какви било барања за да се појави на филмското платно.

Бетина Зимерман

Оваа убавица ја започна својата кариера како модел, за набргу да стане актерка. Талентот кој го поседува уште од почеток на кариерата не беше доведен во прашање, а таа го најде вистинскиот начин да го искористи кога почна да учи глума во Хамбург.

Флоренс Касумба

Флоренс Касумба е родена во Уганда, меѓутоа таа е порасната во Германија, а сега живее во Холандија. За неа се вели дека е талентирана, мултикултурна убавица. По малата улога во „Wonder woman“, Касумба доби повик од Марвел. Набргу потоа таа се појави во многу блокбастери на ова филмско студио, како што се „Captain America“ и „Black panther“.

Дијана Амфт

View this post on Instagram

Eine Gute Nacht Wünsche ich euch ?

A post shared by Diana Amft (@diana_amft) on

Дијана освои безброј награди благодарение на својот вроден шарм и фантастичен актерски талент. Многу гледачи ја сметаат за германска кралица на блокбастерите. Се започна со нејзината љубов кон театарот, за набргу да стигне до самиот врв на германското и светско актерство.

Кирстен Дунст

Малку кој знае дека оваа голема холивудска ѕвезда всушност има германски и шведски корени. Покрај тоа, Дунст е преубава актерка, која се прослави со улогата во Спајдермен. Дунст одлучи да ги прифати своите европски корени, па зема германско државјанство.

Лаура Берлин

Лаура е неверојатен супермодел, а воедно и жена за која на нејзината страница на „IMDB“, пишува дека „Нема слободно време“. Под тоа се мисли дека таа активно работи и на тоа да стане добро познато актерско име.

Клаудија Шифер

Ниту една листа од германски убавици едноставно не може да помине без Клаудија Шифер, која со децении е синоним за убавина. Повеќето луѓе знаат само за нејзината манекенска кариера, но всушност таа сними и неколку филмови во текот на 90-тите години од минатиот век.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....