Сакате дланки со прекрасен младешки изглед? Постојат 5 трикови кои ќе ви помогнат да го постигнете тоа!

Дланките најчесто ја покажуваат вистинската возраст бидејќи тие стареат многу побрзо од лицето. Но, добро е да знаете дека можете да го избегнете ова доколку правилно се грижите за нив.

Погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат да го одржите младешкиот живот на вашите дланки.

1. Правилно мијте ги дланките

Честото миење со сапун може да ја намали влажноста на дланките и да предизвика создавање дамки. Следете ги овие едноставни правила за да го избегнете тоа:

Немојте да користите антибактериски сапун освен ако навистина е потребно. Избегнувајте парфеми, тие ја сушат и ја иритираат вашата кожа. Одберете навлажнувачки сапун со масло од јојоба, алое вера или маслиново масло.

Мијте ги рацете со топла, но не жешка вода за да го одржите природниот заштитен слој.
Избегнувајте ги феновите за раце и секогаш користете крпа.

2. Носете ракавици

Вашите раце постојано се под стрес поради надворешните фактори како студот, хемикалиите и сувиот воздух. За да ја намалите штета, носете ракавици во секоја пригода.

– Кожни, крзнени или волнени ракавици за зима.
– Гумени ракавици за чистење.
– Платнени ракавици за во градината.

3. Редовно навлажнувајте ги дланките

Добрата крема за раце е потребна колку и добриот сапун.

Нанесете ја кремата по потреба, но не помалку од 2 пати дневно. Ако имате сува кожа, ставајте крема после секое миење на рацете. За најдобар ефект, нанесете ја кремата, ставете памучни ракавици и така одете на спиење.

И вашите нокти имаат потреба од навлажнување. Ставете малку крема за раце и на нив, а набавете и крема со витамин Е за вашите кутикули.

На кожата ѝ е потребно навлажнување и однатре, па затоа пијте многу вода.
Купете навлажнувач за воздух и користете го секогаш кога воздухот е сув.

4. Не заборавајте на пилингот

Покрај кремата, вашите дланки имаат потреба од пилинг и маска еднаш неделно.

Маските за дланки можете да ги направете од производи кои ги имате дома. На пример, измешајте половина авокадо, жолчка од јајце и една лажица лимонов сок. Нанесете на дланките и оставете да делува 20 минути.

Можете да користете мешавина од маслиново масло и шеќер за пилинг.

Совет за мрзливите: Кога ставате маска или пилинг на вашето лице, нанесете го и на вашите дланки.

5. Користете крема за заштита од сонце

Еден од главните знаци на стареење е хиперпигментација на кожата на дланките. Ова најчесто е предизвикано од сонцето.

За да ги избегнете овие точки, редовно нанесувајте крема за заштита од сонце.

Цитрусните овошја се одличен природен „избелувач“. Можете да си правите маска од 1 лажица лимонов сок, 1 лажица млеко и 1 мала лажичка мед.

Слични објави

„Тој не е мој колега“: Љубовникот и сопругот на Карлеуша се сретнале во Турција!

Васко Спасоски

Скандалозниот развод на Џони Деп и Амбер Хард поприма нови размери: Се спомува Илон Маск и секс во тројка

Еспресо

Неколку лесни и евтини начини со кои можете да го освежите вашиот стил

Igor

Што ти требаше ова?! Пејачката Николија не би ја препознала ниту родената мајка! (ФОТО)

Igor

БРИТАНЦИТЕ БЕСНИ: Покренаа петиција против Меган и Хари, а ова е причината!

Igor

Овој рецепт го користат и манекенките: Рамен стомак за само три дена

Igor

Остави Коментар

пет × 4 =

Слични објави

ВИДЕО: Освен што е одлична актерка, таа има и други суперталенти – Камерон Диаз го откри својот скриен талент и ги воодушеви фановите

Еспресо

Омилен и во Македонија: Српскиот јутјубер Бака Прасе се пофали дека купил уште едно Порше – интернетот изгоре!

Васко Спасоски

Јелена Карлеуша го исплука Душко Тошиќ: Благодарам на сопругот кој немаше време да го гледа мојот концерт! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Стајлинг кој има посебна причина: Еве зошто Кејт Мидлтон ја облекува принцезата Шарлот во исти фустанчиња (ФОТО)

Igor

Сопругата на српски фудбалер се јави од Италија: Децата не сум ги видела 15 дена, а вие сте… (ФОТО)

Васко Спасоски

Луна Џогани лупи краставица, а кога ќе видите како го прави тоа ќе се смеете два дена! (ВИДЕО)

Васко Спасоски