18.8 C
Скопје
10:53 - 29 март, 2024

Ријана е добитничка на престижната награда NAACP (ФОТО)

Instagram

Ријана (31) ќе ја прими посебната награда NAACP, која на поединци се доделува за „посебни достигнувања и угледно делување во јавноста“.

Претседателската награда која ќе ѝ ја врочи Дерик Џонсон, претседател на американската организација за „National Association for the Advancement of Colored People“.

„Ријана не само што направи револуционерна кариера на уметник и музичар, туку и се истакна како јавна личност. Таа е тип на карактер, милост и предаденост, правдата која сакаме да ја истакнеме со нашата Претседателска награда“, рекол Џонсон.

Пејачката во кариерата ималше 14-хит синглови, кои со недели беа на првото место на многу музички и радио листи. Во кариерата освои 9 Греми награди, сруши повеќе Гинесови рекорди и е една од најпродаваните музичари на денешницата.

Освен проектот во светот на модата и козметиката, во 2012 година ја основала и Клара Лионел Фондацијата, која има цел да го подигне квалитетот на животот и шири гласот на младите луѓе од помалите заедници. Здружението најмногу се занимава со помагање во полето на здравствена заштита и едукација.

Ријана на свечената вечера кон крајот на Февруари во Пасадина, ќе се придружи на своите колеги кои исто така се добитници на наградата. Џеј Зи, Лорен Хил, Колин Повел, Кондолеза Рајс, Џеси Џексон и Мухамед Али се само некои од познатите имиња кои ја примиле оваа награда.

Слични објави

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

Отворена прва продавница за алкохол во Саудиска Арабија: Ќе се купува алкохол со овластување

Еспресо

Мир Божји, Христос се роди! Народни обичаи и верувања за Божиќ: Бидете со најблиските и заедно прославете го Христовото раѓање

Еспресо

Старо верување: Скршете орев на Бадник и дознајте дали среќата ќе ве следи

Еспресо

Каква кармичка судбина ќе имате во 2024 според датумот на раѓање: Декодирајте ја иднината преку персоналната бројка и откријте што ве чека!

Еспресо

Денес го славиме Свети Игнатиј, еве што (не) треба да правите

Еспресо
Се вчитува....