8.8 C
Скопје
01:45 - 20 април, 2024

Ретко имате секс со партнерот? Виновникот барајте го помеѓу овие 7 нешта!

Иако љубовта е најважната работа во врската, страста исто така игра многу важна улога во љубовната врска. Кога страста исчезнува, со текот на времето и љубовта се губи, а ние веруваме дека никој од вас не сака да му се случи тоа во врската или бракот.

Доколку забележите дека има се помалку страст во вашата врска, можно е за тоа да сте виновни вие самите, односно некои од вашите лоши навики или пак можеби вашите здравствени проблеми. Ова се 7-те можни причинители кои можат да ја намалат страста во вашата врска.

1. Сиромашна исхрана

Доколку сте на диета поради доаѓањето на летото, можно е да не внесувате доволно хранливи материи, а сето тоа може да го намали сексуалниот нагон. Ова е сосема логично, бидејќи со пониска калориска доза телото ќе има помалку енергија.

2. Недостаток на сон

Доколку спиете помалку од шест часа на ден, најверојатно ќе спиете ноќе и нема да имате секс. Недостатокот на спиење, исто така, негативно влијае врз машкото либидо, бидејќи тестостеронот се забавува, што ја намалува желбата за секс.

3. Контрацептивни таблети

Бројни истражувања за контрацепција покажаа дека жените драстично ја намалуваат желбата за секс, благодарение на овие таблети.

4. Начинот на исхрана

Доколку сте склони кон прејадување во текот на ноќта, тешко е да имате било каква желба за секс после тоа. Особено ако јадете храна полна со заситени масти којашто може да го намали протокот на крв во половите органи. Ова е дефинитивно точно за мажите.

5. Стрес

Една студија покажа дека заморот и стресот се главните виновници за намалување на сексуалната желба кај дури 60 проценти од жените. Истата причина се споменува и во намалувањето на сексуалната желба кај мажите.

6. Депресија

Депресијата, исто како и стресот, има негативен ефект врз многу аспекти на животот, а со тоа и врз либидото. Докажано е дека некои антидепресиви се одговорни за сексуалната дисфункција кај мажите.

7. Анемија

Доколку сте анемични, дефинитивно треба да внесувате повеќе железо во Вашето тело за да ја повратите желбата за секс.

Слични објави

Почина модниот дизајнер Роберто Кавали, кралот на животинскиот принт

еспресо

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Лекција за идните модни креатори и костимографи

еспресо
Се вчитува....