3.8 C
Скопје
06:15 - 20 април, 2024

РАЗРЕШЕНА ДИЛЕМАТА: Која е разликата меѓу дезодоранс и антиперспирант?

Денеска животот без дезодоранс и антиперспирант е речиси невозможен, особено во текот на летните месеци.

Но, ретко кој може точно да ја каже разликата меѓу овие два популарни производа.

Според лекарите, дезодорансот ги „убива“ непријатните миризби на телото, додека антиперспирантите ги блокираат потните жлезди и спречуваат потење. Но, ниту едните ниту другите не се борат против нечистотиите и бактериите на кожата.

Она што исто така е распространето како популарно мислење е и дека овие производи содржат штетни количини на алуминиум, кои го зголемуваат ризикот од рак на дојка. Вистината е дека дезодорансот најчесто не содржи алуминиум, додека во антиперспирантот го има во количина која не е опасна за здравјето.

Алуминиумот го има во многу козметички производи, во храна, во приборот за јадење, но не постојат докази дека најмногу се апсорбира од дезодоранс и антиперспирант.

Прочитајте уште и кое овошје можете да го користите како природна алтернатива за антиперспирант.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....