12.8 C
Скопје
10:36 - 25 април, 2024

Работник во Бакингемската палата заразен со коронавирус: Кралицата се пресели со принцот Филип во Виндзор!

Кралицата Елизабета Втора (93) ја напушти Банкингем палатата пред неколку дена за да не се зарази со коронавирусот. Пред кралицата да замине во Виндзор, вравотените во палатата се тестирале за коронавирус. Како што пишува Mirror, еден од нив е позитивен на COVID19.

„Работникот дозна дека е позитивен пред кралицата да замине во Виндзор. Палатата има 500 вработени членови, па како и било кое друго работно место, не е незамисливо дека некој ќе се зарази“, изјавил извор за кралското семејство.

Profimedia

Секој член од персоналот кој бил во контакт со заразениот, мора да иде во самоизолација. Сепак, не е познато дали кралицата била во контакт со него. Откако се прошири коронавирусот, кралицата избегнуваше ракување со луѓето и блиски контакти.

Кралицата во Виндзор се наоѓа со својот сопруг принцот Филип (98). Тие таму одат секоја година за Велигден, но овој пат одморот го започнаа порано.

„Филип и јас стигнавме во Виндзор, јасно ни е дека пред нас е тежок период и дека целата земја и остатокот од светот се премногу загрижени за здравјето. На сите ни е препорачано да го промениме своето вообичаено секојдневие и да се прилагодиме на новонастанатата ситуација. Треба да го чуваме своето здравје и да мислиме на останатите, на целата наша заедница, а особено на најчувствителните. Многумина од нас ќе треба да пронајдат нови начини да останат во контакт со саканите и семејството, но и да ги обезбедат од опасност. Убедена сум дека сме спремни на тој предизвик. Можете да бидете сигурни дека јас и моето семејство сме спремни да ја одиграме нашата улога во овој свет“, стои на службениот инстаграм-профил на кралското семејство.

Во наредниот период кралските должности ќе ги преземе нејзиниот внук, принцот Вилијам (37).

Слични објави

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо
Се вчитува....