11.8 C
Скопје
20:09 - 25 април, 2024

Прв исповед на Гоца Шаулиќ, сопругата на Шабан Шаулиќ: Таа последна слика ми остана замрзната во спомените… (ФОТО)

Гордана Шаулиќ (62) ја даде првата исповед по смртта на Шабан Шаулиќ кој загина на 17 февруари, минатата година по настап во Германија.

Таа опиша како живее без човекот со кого помина 40 години, а се присети и на деновите кога последен пат го видела сопругот.

– Станав пред него, го разбудив, тој се симна во дневната соба, појадуваше, испи кафе и читаше весници, тоа беа неговите ритуали. Јас за тоа време уште еднаш проверив дали спакувал сè, му подготвив што ќе облече тој ден, го потсетив да ги земе цигарите и лековите. Седевме, разговаравме за плановите за следниот период. Сè беше како и многупати пред тоа. Се бакнавме, го испратив и последна слика која ја имам замрзнато во глава е како ја става капата и излегува од портата на куќата – изјави Гордана за српски „Хелоу“.

Фото: Инстаграм

Како што изјави, Шабан ѝ недостига секој момент.

– Не постои момент во кој не ми недостига. Јас за овие година дена потполно се повлеков, не одам никаде, па така не се случиле некои големи случувања за да можам да ги поделам. Како ќе се чуствувам што не е до мене во деновите кои претстојат, кога животот ќе ми носи се надевам убави работи, сè уште не можам да замислам – рекла Гоца.

Гоца и Шабан не дочекаа да прослават 45 години од нивниот брак, а таа во интервјуто откри малку позната работа за него.

– Она што многу луѓе малку го знаат е дека Шабан беше многу внимателен, не само како сопруг, туку и како татко, син, пријател, соработник… Секогаш се трудеше со подароци да ги израдува блиските луѓе, а за тоа не му требаше причина. Затоа е таков тивок и мирен каков што беше, од страна секогаш набљудуваше кој што сака, во што гледа, за што зборува и врз основа на тоа заклучуваше што сака. Претпоставувам дека овие денови ќе ме следеше сè додека не сфатеше што ми е потребно. Сега единствен подарок од него ми е оној што не може никој да ми го даде – рече Гордана додавајќи дека „одлучила да верува дека Шабан не е заминат“.

Слични објави

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо

Сеќавање на Велибор Џаровски-Џаро: „Животот е едно големо зезање“

еспресо

Откриени детали од судењето на Гоца Тржан и Маја Николиќ: Пејачката е подготвена за војна со инфлуенсерката

jasmina.kantardzieva
Се вчитува....