20.8 C
Скопје
11:57 - 28 март, 2024

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот не смеат да имаат најдобри пријатели во училиште, еве зошто…(ФОТО)

Идниот британски крал, малечкиот принц Џорџ и неговата сестричка принцезата Шарлот учат во училиштето „Thomas’s Battersea“ во Лондон.

Иако малечкиот Џорџ е трет, а неговата сестра четврта во редот за британскиот престол, тие во училиште се однесуваат како и сите останати деца и според правилото на училиштето не постои разлика меѓу останатите деца.

Иако останатите деца се возбудени што одат во исто училиште со принцот и принцезата, сега сите се ист тим и сите се еднакви кога ќе заѕвони училишното ѕвоно.

На принцот и принцезата, како и на останатите деца, не им е дозволено да имаат најдобри пријатели, тие треба да научат да бидат љубезни и коретни кон сите, не само кон едно пријателче, нагласуваат од училиштето.

„Училиштето е фокусирано децата да се научат на љубезност и навистина се добри во тоа. Доколку на роденден не се повикани сите деца од одделението, не е дозволено да се делат покани. Ниту едно дете не смее да биде исклучено“, велат од училиштето.

„Личниот, социјалниот и емоционалниот развој, комуникацијата и јазикот, телесниот развој, писменоста, математиката, разбирањето на светот, уметноста и дизајнот се работите кои децата ги учат и на кои тие се фокусирани и насочени“, велат оттаму.

Слични објави

Големо изненадување: Пет хороскопски знаци кои ќе доживеат драстични промени во април

еспресо

(Фото) Саудиска Арабија за првпат на Мис Универзум: Оваа убавица го направи историскиот чекор

еспресо

Еден од најпознатите јутјубери во светот призна дека има рак: „Сакаа да отстранат бенка“, а дијагностицирале меланом

еспресо

Британците бараат виновник: Кој шири лаги за Кејт Мидлтон?

еспресо

Астропрогноза за четврток, 28 март: За Овните нови можности, за Биковите напредок

еспресо

Ќе „загубат глава“: Три хороскопски знаци лудо ќе се вљубат во април

еспресо
Се вчитува....