18.8 C
Скопје
15:25 - 20 април, 2024

Причината поради која Ева Мендез веќе не е најпосакуваната жена во Холивуд!

Една од најубавите љубовни приказни во Холивуд е секако онаа на прекрасните Ева Мендез и Рајан Гослинг, кои со години го привлекуваат вниманието на јавноста.

Медиумите низ годините ставаа фокус на фактот дека Ева воглавно може да ја видиме само во опуштени изданија, а се поретко на црвениот тепих, со оглед на тоа дека одлучи да се посвети на семејството и одгледување на децата. Од филмската сцена се повлече уште во 2014 година, кога го сними својот последен филм.

Иако делува дека љубовта помеѓу нив двајца цвета и нема конкретни назнаки дека нешто не е во ред, минатата година започнаа првите гласини за кризата во нивниот однос.

„Ева не ја напушта куќата откако ги добија децата“, откри пред неколку месеци извор близок на семејството.

Колку се точни гласините, не е сигурно. Но, вистина е дека ретко може да се забележат заедно во јавност.

До таа мера ја чуваат својата приватност што и во телевизиските емисии ја демантираа веста за првата бременост на Ева, иако сепак беше точно. Интересно е тоа што пред да ја роди Есмералда Амада, Ева себеси не се гледаше во улогата на мајка.

„Морам да признаам дека немам мајчински инстинкт, не мислам дека ми отчукува часовникот. Кој знае, можеби ќе ми се случи тоа после 41-та година, што се случи на многу мои пријателки кои не сакаа да имаат деца“, рече тогаш Ева.

Во септември 2014 година, таа ја роди Есмералда и тогаш сè се промени. Стана посветена мајка и домаќинка, а својата актерска кариера дефинитивно ја остави на страна. Не сакаше децата да ѝ ги одгледуваат дадилки, туку ја прифати само помошта од своите родители.

„Тоа што луѓето не го знаат за мене е дека навистина уживам да сум дома. Наместо да се сликам на црвениот тепих, обожавам да поминувам време со своите ќерки дома“, рече актерката во 2017 година.

Атрактивната актерка својата врска со колегата Рајан Гослинг ја започна во 2011 година, а нивниот брак денес важи за еден од најстабилните и најубавите во светот на шоубизнисот. Парот во 2014 година ја доби првата ќерка Есмералда Амада, а две години подоцна ја добија и Амада Ли.

Слични објави

За минута зема 2 000 евра бакшиш! Бресквица направи хаос меѓу публиката со песната „Орлово гнездо“

Еспресо

(Фото) Поради неа ја оставил мисицата: Починатата водителка Бојана има сестра близначка како јајце слична на неа

еспресо

Неделен хороскоп, од 22 до 28 април: Среќно небо за Овните, добра вест за Лавовите, љубовни искри за Водолиите…

еспресо

Колегите на водителката Бојана Јанковиќ во шок: Пред смртта била најсреќна личност во светот

еспресо

Водителката Бојана Јанковиќ пронајдена мртва во стан, се чека на обдукција на телото

еспресо

Астропрогноза за сабота, 20 април: Вагите да посветат внимание на партнерот, Водолиите да се отворат за нови познанства

еспресо
Се вчитува....