9.8 C
Скопје
06:57 - 24 април, 2024

Претставата прекината: На Сергеј Трифуновиќ му се слоши на сцената

На српскиот актер Сергеј Трифуновиќ (47) му се слоши при изведување на претставата „Утоплјена душа“ во белградскиот драмски театар, пренесува Блиц.рс.

Претставата набргу потоа била прекината, а гледачите ја напуштиле салата. ж

Сергеј се појавил на претставата со висока температура.

„Претставата е прекната бидејќи за време на изведувањето на Трифуновиќ му се слоши. Засега нема информации за тоа која е причината“ – соопштија од театарот, од каде додаваат и дека не е познато дали ќе се откажат и следните планирани претстави.

Сергеј порача дека му е лошо, односно дека постојано е во кревет.

Ова не е прв случај кога на актерот му се слошува на сцена, истото се случи и пред година и половина, кога дури докторите мораа на носила да го изнесат од театарот.

Актерот неодамна доживеа сообраќајна несреќа, кога со својот автомобил удри во „Фиат“.

Само 20 дена пред споменатиот инцидент, Сергеј со својот автомобил се заби во градски автобус во Нови Сад, а минатата година доживеа несреќа кога со него во автомобилот се најде и 20-годишна девојка, која се здоби со повреди при судирот.

Српските медиуми пишуваат дека актерот во последната деценија направил неколку десетици сообраќајни прекршоци. Сергеј повеќепати досега е казнет, а четири пати возел иако на сила му важела забраната за управување со моторни возила.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....