19.8 C
Скопје
13:54 - 24 април, 2024

Прекрасната Скарлет Јохансoн пред врвот на својата слава била во врска со еден од најпознатите холивудски актери! (ФОТО)

Скарлет Јохансoн номинирана е во категориите за Најдобра актерка со главна улога за филмот „Marriage Story“ и за Најдобра женска споредна улога за филмот „Jojo Rabbit“.

Profimedia

Пред да стане актерка за која режисерите се борат, таа се обидела во различни сфери на шоу-бизнисот и уметноста. Скарлет Јохансoн на 8 години запишала часови по глума, била член на музички бенд, глумела во театар и се обидела да стане водителка.

Profimedia

Признание од страна на критичарите и финансиски успех постигнала дури во 2013 година, односно после 19 години активна работа во Холивуд. Улогата во филмот „Under the Skin“ била клучна во нејзината актерска кариера, бидејќи тогаш за прв пат филмските познавачи ја вброиле во редот на карактерни актери, која може да биде многу повеќе од само убаво лице на големото платно.

Релативно малиот филм „Under the Skin“ кој доживеал испод просечен комерцијален успех, ги отворил вратите на Скарлет Јохансон. Ангажманот во филмовите на Марвел и франшизата „Avengers“ ја донеле до статусот на најплатена актерка.

Скарлет Јохансон минатата година заработила 56 милиони долари, од кои 35 била само од филмот на Марвел.

Емотивниот живот на Скарлет Јохансон секогаш бил во сенката на нејзината работа, бидејќи избегнувала да се појавува со своите амотивни партнери во јавност и на разни случувања.

Profimedia

Иако актерот Рајан Рејнолдс луѓето во емотивна смисла веднаш го поврзуваат со неговата сопруга Блејк Лајвли, Рајан бил во брак со Скарлет пред тој да ја запознае љубовта на својот живот.

Profimedia

Рајан и Скарлет биле во брак од 2008 година до 2011 година. Бракот и односот бил толку таен што дури не се ни познати причините поради кои се разделиле, единствено нешто што се знае е тоа дека денес Рајан е во среќен брак со Блејк, а Скарлет и понатака не зборува ништо за емотивните партнери, ниту пак новинарите ја прашуваат, бидејќи знаат дека нема да добијат одговор.

Слични објави

(Фото) Сопругата на Дарко Лазиќ по веста за бременоста објави слика во хеланки и гол стомак

Еспресо

Инцидент на снимањето на новиот филм на Еди Марфи, повредени неколку членови на екипата

еспресо

Мелина Џиновиќ за своите деца: „Мило ми е што Кан не е како Џина“

еспресо

Еве кој му прави друштво на Никола Роквиќ на патот до Грција: „Поединец не може ништо сам!“

еспресо

Шокантна изјава на Канје Вест: Со оваа славна жена сака да има тројка

еспресо

Астропрогноза за среда, 24 април: Неодоливост за Лавовите, нови сојузници за Рибите

еспресо
Се вчитува....