10.8 C
Скопје
08:28 - 29 март, 2024

Правите стомачни вежби, а нема резултати? Еве зошто…

Постојано правите стомачни вежби, а сепак и понатаму се соочувате со салото на стомакот, еве зошто.

Вежбите за активирање на стомачните мускули едноставно не трошат ни приближно толку калории колку што е потребно да ги стопите маснотиите од стомакот. А работата да биде потешка, локалното топење на маснотиите не е можно, зашто нашето тело секогаш функционира интегрално, никогаш изолирано.

Единствено нешто што ќе го постигнете со правење на 100-на стомачни вежби дневно се поцврсти стомачни мускули. Но цврстината и дефиницијата на мускулите, за жал, немаат голема врска едно со друго.

Што тогаш треба да направите?

Всушност, ништо толку не е комплицирано.

Прво, поминете на полесна исхрана, односно ослободете се најмалку за 300 – 500 килокалории дневно. Тоа значи храната да ја збогатите со природни намирници со високо термички ефект, какви што се чистото месо и рибата, и со намирници кои содржат вода какви што се зеленчукот и овошјето.

Второ, почнете со интензивен аеробик тренинг. Аеробик тренингот треба да биде најмалку три пати во неделата.

Трето, бидете трпеливи. Поголем број луѓе се откажуваат од посакуваната цел само затоа што се нетрпеливи, а всушност се наоѓаат на многу добар пат.

Според тоа, главен заклучок е дека ако сакате да имате убав и рамен стомак со дефинирани мускули, заборавте ги само стомачните вежби и посветете се дополнително на горенаведените правила. Со нивна примена успехот и е загарантиран.

Слични објави

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Разговор со проф. д-р Нико Беќаровски: Што го прави суплементот ГЕ 132+ Натурал оптимален за употреба

Ј.К.Д.

Клиника Жан Митрев 24 години – 1 милион прегледи и 400 000 успешни приказни

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фобии – да не ги занемаруваме, има решение

еспресо

Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчиња во Општина Центар

Еспресо

(Фото) Традиционална крводарителска акција во Клиника „Жан Митрев“: Вработените и нивните семејства даруваа крв

Еспресо
Се вчитува....