13:41 - 19 април, 2024

Познатиот актер не знаел дека во светот има коронавирус: Се вратил од пустина! (ФОТО)

Верувале или не, постојат и такви луѓе кои не знаеле, барем до сега дека на сила е епидемијата на коронавирусот. Еден од нив е познатиот актер Џаред Лето.

Холивудскиот суперстар на својот Инстаграм објаснил дека бил во пустина, без телефон и дека поради тоа не знаел што се случува.

– Пред 12 дена почнав со тивка медитација во пустина. Бевме тотално изолирани. Без телефони, без комуникација и така понатаму. Немавме идеја што се случува „надвор“ – напишал Џаред Лето и продолжил:

– Вчера излеговме од многу поинаков свет. Еден свет кој е сменет засекогаш. Умот застанува, најмалку што може да се каже. Добивам пораки од пријателите, семејството и од целиот свет што всушност се случува. Се надевам дека вие и вашите сте добро. Испраќам позитивна енергија на сите. Останите внатре (дома). Останите безбедни – напишал актерот и фронтменот на бендот „30 Seconds From Mars“.

 

View this post on Instagram

 

❤️

A post shared by JARED LETO (@jaredleto) on

Слични објави

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо

Со Сергеј Трифуновиќ е приведен и неговиот „дилер“: Нови детали за апсењето

еспресо

Дарко Лазиќ по третпат станува татко: Катарина е бремена!

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ јавно ја поддржа мајка си: „И во добро и во зло…“

jasmina.kantardzieva

Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ: Купувал марихуана

еспресо

Астропрогноза за петок, 19 април: За Близнаците нешто ново, за Рибите прилагодување на настаните

еспресо
Се вчитува....