13.8 C
Скопје
20:46 - 23 април, 2024

Позната е песната со која Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евровизија!

По преслушување на пристигнатите композиции на јавниот повик, како и детална анализа на понудениот музички квалитет од страна на домашните, но и автори од странство, Македонската Радио Телевизија заедно со овогодинешниот евровизиски претставник Васил Гарванлиев одлучи композицијата со наслов „YOU“, на авторот Невенка Нешкоска, да биде песната со којашто Васил ќе настапи на Евровизија 2020 во Ротердам.

Невенка Нешкоска е македонска композиторка и продуцент, родена во Охрид, но порасната во Чикаго. Невенка има завршено на отсекот за композиција на колеџот за музика „Беркли“ во Бостон и е добитник на награда за најдобра светска песна на „USA Songwriting Competition“.

Таа и сестра и Калина, која исто така учествуваше во пишувањето на песната “YOU,” се креаторите на музичкиот цртан Дарко Биберко.

Песната „YOU“ е авторско дело на Невенка Нешкоска, којашто ја создаде музиката, текстот е дело на Невенка Нешкоска, работен заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска, како и колешката од „Беркли“, Алис Шредер.

Песната  „YOU“ Невенка ја започна со визија да ги претстави моќниот глас и интерпретација карактеристични за Васил на целиот свет.

Во моментов се работи на продукциско оформување на песната, по што следуваат и повеќе детали за неа, како и официјалниот датум на промоција.

 

Слични објави

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо

(Видео+фото) Ќеркичката на Никола Роквиќ плаче додека се збогува со својот татко кој тргна пеш за Грција на пат долг 1.150 километри

Еспресо

(Фото) Марко „Дај побрзај“ стана татко: Се родија близнаците Вања и Веда

Еспресо
Се вчитува....