11.8 C
Скопје
13:56 - 23 април, 2024

Повеќе од 1.300 жалби за настапот на Шакира и Џеј Ло на Супербол: „Ова е порнографски и срамно!“ (ВИДЕО)

Федералната комисија за комуникации примила 1.312 жалби од гледачите кои се пожалиле за настапот на Џенифер Лопез и Шакира во текот на полувремето на Супербол, кога пејачките меѓу другото, играа околу шипка, тверкуваа, играа стомачен танц и направија неколку алузии на секс.

Некои од жалбите дошле од родителите кои се пожалиле дека нивните деца биле изложени на „порно програма“.

Други возрасни луѓе сметаа дека ваква програма поттикнува на трговина со секс.

Некои пак биле вознемирени дека пред овој настап, кој според зборовите на гледачите, бил помалку музички, а повеќе како настап од стриптиз клуб, немало никакво јавно предупредување.

Гледачите ширум Америка напишале бројни навреди на сметка на изгледот и настапите на популарните пејачки, а ова се само некои од нив.

Instagram

Неприкладно е за деца

Многу родители останаа бесни откако настапот го изгледале со своите деца.

„Настапот на Џенифер Лопез на полувремето на Супербол беше исклучително експлицитен и сосема неприфатлив за настан што го гледаат семејства, вклучувајќи и деца. Морав да им речам на моите деца да излезат од собата за да не бидат изложени на нешто што не треба да го видат“, пишува во коментар што го оставило лице од Јута.

„Моето семејство беше многу возбудено што ќе го гледа Супербол вечерва. Меѓутоа не бев подготвена да ѝ објаснам на мојата единаесетгодишна ќерка зошто Џенифер Лопез често се фаќа за меѓшуноѓжјето“, се жали гледачка од Вашингтон.

„Настапот на полувремето беше од прилично сексуална природа. Никогаш не сум видел толку сексуални пози надвор од порномагазин“, вели гледач од Њујорк.

Луѓето се жалеле и на „секси мавтањето со јазикот“ и „тресењето со задникот“.

„На што ги учите вашите девојчиња? Играјте полуголи за да ги возбудите мажите и после жалете се дека ве вознемируваат? Дали е во ред да бидете некое „сексуално суштество“ и да тресете со голиот задник и да го изложувате своето меѓуножје и да играте на шипка пред цел свет?“, се прашува гледач од Висконсин.

„Џенифер Лопез се вртеше околу шипката за стриптиз и тресеше со задникот пред моите очи и пред очите на мојот сопруг и децата. Ќе го бојкотиртаме Супербол.“, пишува жена од Тенеси.

„Јас сум една од оние кои го сменија каналот штом видов за што се работи. Фокс и НФЛ би требало да сносат одговорност за тоа.“, се жали лице од Тексас.

Супербол го следеа 102 милиони гледачи на неколку канали и преку интернет, според податоците на Фокс.

Слични објави

(Фото) Марко „Дај побрзај“ стана татко: Се родија близнаците Вања и Веда

Еспресо

(Фото) Прошталната порака на ќерката на Бојана Јанковиќ ја кине душата: Наследничката на покојната водителка се скрши! 

Еспресо

(Фото) Дали ќе го препознаете? Ќерката на Ален Делон сподели како изгледа денес

еспресо

Цеца и Жељко Јоксимовиќ снимаат дует: На радост на фановите, веќе влегоа во студио!

еспресо

Астропрогноза за вторник, 23 април: Овните да ги контролираат зборовите, Стрелците да побараат прошка

еспресо

Браво за пејачот Никола Роквиќ: Ќе пешачи 1 150 км за хуманитарни цели

еспресо
Се вчитува....