7.8 C
Скопје
05:27 - 24 април, 2024

ПОСЛЕ ТОЛКУ ГОДИНИ: Фановите на Лејди Гага сфатија дека ја гледале пејачката во популарната серија (ВИДЕО)

Речиси 20 години по завршувањето со снимањето на светски популарната серија „Сопранови“, фановите открија дека славната пејачка Лејди Гага се појавува во една епизода, пренесува „Индепендент“.

Пејачката е дел од една епизода од оваа хит серија во 2001 година, кога имала само 14 години.

Гага, чие вистинско име е Стефани Џерманота, гостувала во третата сезона од серијата под назив „The Telltale Moozadell“.

Таа овде ја толкуваше улогата на бунтовна ученичка која оди во исто училиште како и Ентони Сопрано помладиот (Роберт Илер).

Нејзиниот лик во серијата го става Тони Сопрано во таква неволја во школскиот базен, што тоа доведува до негова суспензија.

Токму тоа претставуваше еден од моментите кога ја видовме Лејди Гага во „Сопранови“. 

Седум години подоцна, Џерманота го издаде својот прв дебитантски сингл „Just dance“, под уметничкото име Лејди Гага.

Фото: Принтскрин

И додека оваа снимка од гостувањето на пејачката во серијата се појави на интернет пред неколку години, некои ова го открија дури сега и не можат да поверуваат дека таа навистина се појавила во познатата серија.

Погледнете ја снимката:

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....