11.8 C
Скопје
09:42 - 25 април, 2024

Поранешниот холивудски пар по 10 години се сретна на црвениот тепих, а искрите беа насекаде! (ВИДЕО)

Нивната љубовна приказна со години оставаше многумина без здив, а повторната средба на црвениот тепих врати надеж дека страстите ќе се распламтат и дека нивната приказна повторно ќе продолжи.

Добитничката на Оскар, Рене Зелвегер и нејзината некогашна љубов, Бредли Купер, повторно се сретнаа на 92-то доделување на Оскарите во Лос Анџелес, а тоа што сите го приметија е фактот дека тие беа премногу блиски.

Тие се дружеа и смешкаа додека стоеа блиску еден до друг, а позитивната енергија ја почувствуваа сите околу нив. Доделувањето на Оскарите беше голема вечер за Рене, бидејќи освои Оскар за најдобра главна женска улога во филмот „Judy“.

View this post on Instagram

@theoscarsworld

A post shared by Renee Kathleen Zellweger (@renee__zellweger) on

Актерката блескаше во белиот светликав фустан со едно рамо, додека Бредли ги шармираше сите во црн смокинг-костим.

Рене и Бредли се заљубија во 2009 година на снимањето на хоророт „Case 39“, а раскинаа во 2011 година. Во тоа време Бредли не можеше да го сокрие своето воодушевување со неа.

Тие започнаа врска откако и двајцата се разведоа од своите партнери со кои беа кратко време. Актерот беше во брак само 4 месеци со својата колешка Џенифер Еспосито, а исто толку време помина и Рене со поранешниот сопруг, музичарот Кени Чешни, пред да се запознае со Бредли. За време на 2-годишната врска, Бредли имаше само пофални зборови за својата колешка и тогашна девојка.

„Сакам да доаѓам на работа, сакам да глумам со неа. Едноставно ја сакам. Не можам да научам доволно од неа“, раскажа Купер пред скоро 10 години.

Рене во јануари 2011 година не отиде на доделувањето на Златните глобуси, бидејќи го тешеше Бредли на кого во тој момент му почина таткото. Истата таа година раскинаа, а според странските медиуми, причината била посветеноста на Купер на неговата кариера. Зелвегер постојано го придружуваше на снимањата со надеж дека врската ќе опстои, но ниту тоа не помогна.

Слични објави

Се огласи сопругата на Никола Роквиќ: „И ние тргнуваме на пат за Грција…“

еспресо

Астропрогноза за четврток, 25 април: Скорпиите да не преземаат ризик, за Девиците неочекувани обврски

еспресо

Бела низа денови: Два хороскопски знаци ги чека исполнување на соништата

еспресо

(Фото) Никола Роквиќ запеа со уличен музичар: „Патот е секогаш посреќен со песна!“

еспресо

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо
Се вчитува....