2.8 C
Скопје
04:21 - 19 април, 2024

Похован леб со чоколадо и банана: Ова е подобро и од палачинки! (ФОТО)

Похован леб е добара избор за доручек или вечера. Со задоволство го јадат децата, но и возрасните, а особено е вкусен ако му се додаде некаков прилог. Банана и чоколада се одличен избор.

Потребно ви е:

  • 8 парчиња леб
  • 2дл. Млеко
  • 3 јајца
  • 3 кесичка шеќер во прав
  • 1 лажица маслац
  • 1 лажица масло
  • 1 кесичка мелен цимет
  • 1 банана
  • ½ лимонов сок
  • 250 грама чоколадо за готвење
  • 100г шеќер во прав
  • 125г маслац
  • 3 јајца
  • 30г слатко брашно
  • 100г бадеми
Фото: Профимедиа

Подготовка: Стопете го чоколадото на пареа и оставете го малку да се олади. Изматете го маслацот и шеќерот и постепено додадете јајце и чоколадо.

Потоа додајте брашно и мелени бадеми.

Гответе се на преа од две-три минути, покријте и ставете во ладнилник на 30 минути.

Исечето го лебот на парчиња. Во поголем сад измаетете ги јајцата и млекото.

Загрејте го маслацот и маслото во тевче. Утопете го лебот во смесата од јајца, извадете го и ставете го во загреаниот маслац.

Пржете неколку минути од едната страна, потоа од другата додека не добие златна боја. Извадете го лебот и ставете го на хартија која впива течност.

Исечете ги бананите на парчиња, па испрскајте ги со лимоновиот сок.

Секое парче од лебот премачкајте го со изладеното чоколадо и на него ставете неколку парчиња банана, потоа покријте го со друго парче леб и на сите нив заедно посипите ги со шеќерот во прав и циметот.

Фото: Профимедиа

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....