14:46 - 19 април, 2024

Почина првата љубов на Џенифер Лопез: Десет години беа сè еден на друг! (ФОТО)

Првата љубов на пејачката и актерка, почина на ссамо 51-годишна возраст, јавуваат американските медиуми.

Дејвид Круз кој љубовта со Џенифер Лопез ја започна уште додека оделе во средно училиште и имале по 15 години, почина во Њујорк после болест на срцето, пишува TMZ.

Овој портал додава дека неговата долгогодишна партнерка Иса од него се збогувала со зборовите:

„Беше нежен и полн со љубов“

Таа истакна дека Круз бил и посветен татко и дека ѝ помагал во одгледување на нејзиниот син од претходната врска.

„Секогаш се трудеше се да заврши со зборовите – те сакам“, истакна таа.

Дејвид врската со Џенифер Лопез ја започна во 1984 година, а нивната среќа траеше 10 години, но пејачката дури и години после нивното раскинување зборуваше најубави работи за него. Во едно нејзино интервју од 2004 година, таа го нарече Круз свој пријател и откри:

„Тој веројатно ме познава подобро од било кој“.

Слични објави

(Фото) На една рака носи 18.000 евра: Александра не штедела на себе, сите гледале во овој скап детаљ

Еспресо

Ќе се вика „Вила Јована“: Дечкото на Јована Јеремиќ ѝ купи луксузна куќа со базен и овоштарник

Еспресо

Со Сергеј Трифуновиќ е приведен и неговиот „дилер“: Нови детали за апсењето

еспресо

Дарко Лазиќ по третпат станува татко: Катарина е бремена!

еспресо

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ јавно ја поддржа мајка си: „И во добро и во зло…“

jasmina.kantardzieva

Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ: Купувал марихуана

еспресо
Се вчитува....