21.8 C
Скопје
12:19 - 28 март, 2024

По Џенифер Анистон и Метју Пери се приклучи на Инстаграм! (ФОТО)

Американскиот актер Метју Пери одлучи да отвори профил на друштвената мрежа Инстаграм и ја воодушеви јавноста, но никој не е посреќен од неговите пријатели од култната серија.

Кога Метју Пери на Твитер напиша дека се „спрема нешто големо“, многумина помислија дека збори за некоја нова улога. Сепак, тој само решил да се приклучи на своите пријатели на друштвената мрежа Инстаграм, но за неговите верни фанови тоа е важна вест.

Profimedia

Баш како и кога во октомври на Инстаграм отвори профил Џенифер Анистон, за само неколку часа започнале да го следат огромен број на луѓе (моментално – скоро 2 милиони корисници), а веднаш се огласиле и неговите колеги од серијата која им донесе планетарна популарност.

Лиса Кудроу, која ја играше Фиби, сподели фотографија од младоста со Метју и напиша:

„Конечно! Јеј! Не можам да им верувам на своите очи, СВОИТЕ ОЧИ. Добредојде на Инстаграм“

Printscreen

Џенифер Анистон веднаш прокоментира:

„Јеј, Мети, дали можеше повеќе да одолговлекуваш?“

Актерот се уште не објавил ниту една фотографија, а со оглед на тоа дека Џенифер Анистон буквално ја сруши оваа друштвена мрежа кога се појави на неа – едвај чекаме да видиме каква реакција ќе предизвика Метју Пери.

Слични објави

„Официјално сум разведен“, Харис Џиновиќ излезе од суд и порача: Мелина е никаква, не простувам неверство!

еспресо

Големо изненадување: Пет хороскопски знаци кои ќе доживеат драстични промени во април

еспресо

(Фото) Саудиска Арабија за првпат на Мис Универзум: Оваа убавица го направи историскиот чекор

еспресо

Еден од најпознатите јутјубери во светот призна дека има рак: „Сакаа да отстранат бенка“, а дијагностицирале меланом

еспресо

Британците бараат виновник: Кој шири лаги за Кејт Мидлтон?

еспресо

Астропрогноза за четврток, 28 март: За Овните нови можности, за Биковите напредок

еспресо
Се вчитува....