12.8 C
Скопје
17:07 - 23 април, 2024

Пиво и вотка за сјај на косата

Третирајте ја косата со овие раствори за да го зголемите нејзиниот сјај.

Пивото е добар извор на витамин Б и на косата ѝ дава дебелина и волумен, но и сјај. По шампонирањето, на косата нанесете изветреано пиво. Оставете 5 минути па исплакнете ја косата.

Вотка – за разлика од пивото кое го поттикнува растот на косата, вотката има улога исклучиво да ги отстрани наслагите што се наталожиле на косата. Ова е доволно да го правите двапати месечно. Со претерана употреба на алкохол косата може да се исуши. Прво растворете една лажица вотка во две чаши вода. По миењето, исплакнете ја косата со овој раствор за сјај на косата.

Јаболковиот оцет е одличен тоник за косата. Со негова помош ќе ги отстраните сите наслаги и остатоците од тешките препарати за коса, како и остатоците од каменец од водата. Многу брзо ќе ги видите ефектите.

Помешајте еднакви делови на вода и јаболков оцет (количината проценете ја според должината на косата). По шампонирањето, исплакнете ја косата со овој раствор. Мирисот брзо ќе изветрее.

Камилица – Чаевите се познати по тоа што се добри за здравјето и за имунитетот, а сега ќе ви објасниме како да ги користите за да добиете сјајна коса. Чајот од камилица е одличен пример, а ако имате природно посветла боја на косата, редовна примена може да придонесе за благо осветлување на косата. На една шолја вода додајте една кесичка чај од камилица (ако косата ви е подолга, удвојте ја количината). По миењето на косата со шампон, исплакнете ја со чајот. Оставете ја косата природно да се исуши.

Слични објави

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо
Се вчитува....