20.8 C
Скопје
14:11 - 24 април, 2024

Ова е најмладиот син на Мајкл Џексон за кого скоро 10 години никој не знаеше ништо! (ФОТО)

Кога покојниот Мајкл Џексон е во прашање, мислењата се поделени. Додека едни го обожаваат неговиот лик и дело, други го сметаат за педофил и човек со сериозни психички проблеми.

После неговата смрт во 2009 година, кралот на поп-музиката позади себе ги остави легендарните хитови, неверојатниот имот Неверленд, но и трите деца Парис Мајкл Кетрин Џексон, Принц Мајкл Џексон Втори и Мајкл Жозеф Џексон Јуниор.

Profimedia

Додека двете постари деца Парис и Мајкл ѝ се добро познати на јавноста поради движењето во светот на познатите и славните, најмладиот син е скоро непознат, бидејќи одбра живот во потполна анонимност.

Постариот син, Мајкл Жозеф Џексон Јуниор се навикна на популарноста, со задоволство излегува, а основа и компјутерска компанија чиј назив се преведува како „Син на кралот“.

Ќерката Парис е личност која постојано се сели, постојано има момчиња, работи како модел и е активистка за човечки права.

Но, најмладото дете на „кралот на поп-музиката“, Биги или Бленкет (како што семејството го вика нагалено) е потполно анонимна личност од семејството Џексон. Ова 17-годишно момче не сака публицитет и води затворен животен стил.

View this post on Instagram

hab nu yur

A post shared by PK (@parisjackson) on

Меѓутоа, токму за него се врзуваат најголемите контроверзии. Всушност, кога беше роден Принц во 2002 година, беше кажано дека на свет го донела сурогат мајка, но повеќе детали не беа соопштени. Брзо после тоа се случи една од најшокантните случки во историјата на шоу-бизнисот, каде што новороденото бебе прекриено со ќебе висеше од балконот додека Мајкл Џексон го држеше обидувајќи се да го покаже на луѓето пред хотелот.

Profimedia

Мајкл неспретно го држеше детето и во моментот кога го префрли преку оградата на балконот, многумина се исплашија мислејќи дека бебето ќе му падне од раце.

Кралот на поп-музиката поради ваквото однесување беше обвинет од страна на обожавателите. Меѓутоа, од тој момент па се до неговата смрт, никој не го виде малиот Принц.

Кога почина Мајкл Џексон, Принц од фоторепортерите се криеше позади својот постар брат и сестра.

Profimedia

Долги години после погребот на Мајкл Џексон немаше можност да се слушне нешто за неговото трето дете. Додека Парис и Мајкл Јуниор студираа на престижни факултети, Принц живеел во тајност. Со години бил во куќата на баба му и дедо му, родителите на покојниот Мајкл Џексон.

Кога во една прилика папараците го фотографирале, виделе дека момчето се облекува едноставно, без брендирана облека, фризурата не ја менува скоро 10 години (секогаш долга пуштена коса) и скоро со ништо не привлекува внимание.

Profimedia

Веднаш штом му се укажа можност, тој го промени своето претенциозно име Принц во Бленкет.

 

Слични објави

(Фото) Сопругата на Дарко Лазиќ по веста за бременоста објави слика во хеланки и гол стомак

Еспресо

Инцидент на снимањето на новиот филм на Еди Марфи, повредени неколку членови на екипата

еспресо

Мелина Џиновиќ за своите деца: „Мило ми е што Кан не е како Џина“

еспресо

Еве кој му прави друштво на Никола Роквиќ на патот до Грција: „Поединец не може ништо сам!“

еспресо

Шокантна изјава на Канје Вест: Со оваа славна жена сака да има тројка

еспресо

Астропрогноза за среда, 24 април: Неодоливост за Лавовите, нови сојузници за Рибите

еспресо
Се вчитува....