8.8 C
Скопје
09:48 - 18 април, 2024

ОСКАРИ: Единствениот глумец кој одбил Оскар, знаете ли кој и зошто?

Човекот чии понуди никој не можел да ги одбие, ја одби најпрестижната светска награда, од една многу благородна и, во тој момент, сосема неочекувана причина.

Освоениот Оскар за неговата незаборавна улога во “Кум”, Марлон Брандо во 1793 година го одбил поради дискримирачкиот однос на Американците и Холивуд кон Индијанците.

На 45-тото доделување на Оскари наместо Марлон Брандо на сцената се појавила Индијанка од племето Апачи, Шашин Мало Перо, а и се придружиле глумците Лив Улман и Роџер Мур.

Со едно движење на раката, таа јасно  им дала до знаење дека не сака да го преземе Оскарот, се претставила и се обратила на присутните:

– Вечерва го претставувам Марлон Брандо и ме замоли да ви пренесам дека многу му е жал што не може да ја прими оваа награда. Неговите причини се однесуваат на лошото однесување кон американските Индијанци, домородци. Го имам неговото писмо, но не можам да ви го прочитам во целина поради краткото време. Тоа ќе го направам покасно на конференцијата за новинари.

Следниот ден „Њујорк Тајмс“ во целост го пренеле писмото од Марлон Брандо.

Со само еден потег славниот глумец привлекол повеќе  публицитет на проблемите кои ги имаат американските Индијанци, отколку другите акции до тогаш.

За жал, неговиот протест останал  осамен. Никогаш веќе не се случило некој да Оскар од било која причина.

Суетата често е посилна од чуството за правда.

Овој потег на Марлон Брандо останува еден од најнезаборавните настани во историјата на доделувањето на најзначајната светска награда за глума.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....