16.8 C
Скопје
18:36 - 28 март, 2024

Oскар и бургери пред сендвичара: За оваа слика на славниот пар зборува цел свет (ФОТО)

Во неделата навечер актерот Хоакин Феникс освои Оскар за главна машка улога во филмот „Џокер“, но за фотографијата забележана по неговата победа и официјалната церемонија, едноставно се зборува поовеќе отколку за престижната награда.

Феникс и неговата вереница, актерката Руни Мара, се фотографирани како во своите модни креации со кои се појавија на церемонијата на Оскарите, седат на скали и јадат бургери.

Убавата актерка потпетиците ги замени со старки, а помеѓу гладните уметници стои освоениот Оскар.

Победата ја прославија со бургер, и тоа вегански, во однос на тоа дека и двајцата не консумираат храна од животинско потекло.

Славниот актер и за време на доделувањето на Оскарите зборуваше за важноста на природата, како и за веганството.

– Мислам дека се одделивме од природата, дека сме виновни за егоцентричноста на нашиот свет. Ние одиме во природа и ги уништуваме тамошните ресурси. Чувствуваме дека имаме право по вештачки пат да оплодиме крава, а потоа да и го одземеме нејзиното бебе, иако нејзините крици не можат никого да измамат. Потоа и го одземаме млекото, наменето за нејзиното бебе, па го ставаме во своето кафе – порача актерот.

Наводно, по Оскарите, на Феникс му бил понуден бургер од говедско месо, на што тој на келнерот му покажал карта на која пишува: „Бидете вегани, тоа не е привремена мода, тоа е иднината“, пренесуваат портали кои го заговараат овој стил на живот.

Иако оваа фотографија кај многумина побуди емоции поради тоа што славниот актер и неговата колешка се однесуваат како целиот обичен свет, скромно и едноставно, многумина се прашуваат колку всушност маркетингот игра улога во целото ова. 

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....