2.8 C
Скопје
06:01 - 19 април, 2024

Опра Винфри за љубовната врска долга 34 години: Да се омажев за него нашата љубов немаше да успее!

Опра Винфри и нејзината долгогодишна љубов Стедман Греам во „врска“ се од 1986 година. Таа во својата најнова колумна призна дека доколку се омажила за Греам (68) тие не би биле заедно толку долго.

Опра призна дека еднаш сакала да се омажи за Стедман, но кога тој и го предложил тоа во 1993 година, брзо сфатила : „Моите емисии ми беа приоритет и двајцата го знаевме тоа“.

Едноставно сакала некој да ја запроси, но не и да се омажи.

„Сфатив дека всушност не сакам брак. Сакав само да ме запроси. Сакав само тој да сака да бидам „негова госпоѓа“, но не сакав да се жртвувам, да правам компромиси со цел бракот да ни успее. Моите емисии ми беа приоритет и двајцата го знаевме тоа. Тој и јас сме согласни во едно: доколку се венчавме денес не би биле повеќе заедно“, објасни Опра.

Опра и Стедман се во заедница веќе 34 години, а таа за својот партнер има само пофални зборови: „Секој кој некогаш го сретнал знае каков џентлмен е тој. Секогаш само најдобро посакува за мене и за другите. Толку е позитивен, одговорен, трпелив…“

За тоа како ја „преживеале“ заедницата сите овие години, Опра изјави дека тоа е така затоа што индивидуално се развивале, како што и двајцата сметаат дека партнерството има за цел духовен раст на двајцата партнери, пренесува магазинот Пипл.

Слични објави

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо
Се вчитува....