Омилениот колач без брашно и путер, на диетален начин

Работа, обврски, деца, или грижа за роднини и уште размислување што да подготвите за ручек. Премногу обврски за секоја жена.

Со желба да ви олесниме барем кога станува збор за десертот, а ќе признаете дека малку чоколадо ја намалува дури и депресијата, пронајдовме за вас супер вкусен, а повторно многу лесен за подготвување сочен брауни колач.

За него ви се потребни само три намирници: батат (сладок компир), бадеми и чоколадо. Освен тоа, здрав е, полн со влакна и прикладен и за оние кои се на диета, која дозволува мала количина на јаглени хидрати.

Доколку сте алергични на јаткасти плодови, наместо нив ставете семки од сончоглед или кокосово брашно. Исто така, не избирајте премногу горко чоколадо, бидејќи тоа всушност треба да биде изворот на благиот вкус. Забележавте дека колачот не содржи ниту брашно ниту путер, но тука се бадемите и бататот кои ќе му дадат прекрасна текстура.

Важна напомена: Бататот е подобро да се испече во рерна, отколку да се вари во вода или на пареа бидејќи тогаш ќе содржи помалку вода, односно ќе се пече во сопствениот сок.

Состојки:

 

– 2 поголеми батати, околу 300 гр

– 1 шолја или 120 гр бадеми

– 125 гр црна чоколада

 

Подготовка:

Излупете го бататот, исецкајте го и печете го околу 40 минути на 220 степени. Потоа стопете ја чоколадата на пареа, а кога бататот доволно ќе се олади помешајте го со чоколадото и бадемите. Ставете ја смесата во помал калап, па оставете го во фрижидер еден час за колачот да се стегне. Ви останува уште колачот да го исечете на коцки и да уживате во супер здравиот колач.

Слични објави

Карлеуша за четири години потрошила милионска сума на гардероба

Igor

Никол Кидман раскажа за своето несреќно минато и признава како сопругот и децата ја спасиле од осаменост

Еспресо

Нова занимација за ова попладне – Кнедли со кајсии: Неодоливи, меки и неверојатно вкусни!

Еспресо

Ирена Спировска: Не е важно каде чекаш Нова година, туку со кого

jasmina.kantardzieva

ВИДЕО: Шеќерни јаболка на стапче – Направете си го ова попладне повесело и повкусно!

Еспресо

Хали Бери објави видео кое ги шокираше обожавателите: Нема да поверувате дека оваа дама е во шестата деценија!

Еспресо

Остави Коментар

дванаесет − 9 =

Слични објави

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Период на уживање, љубовни бури и копнежи

Igor

Дали по изгубениот судски спор кариерата на Џони Деп во Холивуд е готова?

Васко Спасоски

Кајли Џенер е новата Ариел! (ФОТО)

Igor

ЖИВА БАРБИКА: Толку е убава, што луѓе се прашуваат дали е реална (ФОТО)

Igor

Цвекло на највкусен начин, подгответе го вака

Igor

Емина Јаховиќ ја покажа својата прва тетоважа, погледнете на кое место ја ставила и што пишува! (ФОТО)

Васко Спасоски