13.8 C
Скопје
17:07 - 19 април, 2024

На вашата врска и дојде крајот? Еве како да го преболите тешкиот период!

Според стручните лица, потребни се 6 месеци за комплетно да се преболи раскинувањето, но на некои луѓе им треба многу помалку време.

Доколку некој полесно преболува раскинувања на врски од вас, дали тоа го прави поотпорен од вас?

Според американскиот психолог Мег Џеј, на секое раскинување му треба време за да помине болката, и затоа периодот по раскинот може да биде тежок за личноста која го претрпела, но и нејзината околина.

Но, таа сподели и неколку совети кои ќе направат полесно и побрзо да ја заборавите старата врска.

Не мислете дека не сте силни, дури и ако се чувствувате беспомошно

Многу луѓе мислат дека ако не се опорават брзо по раскинот, другите ќе ги доживуваат како слаби, што не е точно. После секој прекин на емотивна врска мора да постои период на консолидација и да помине одреден период за да се вратите во нормала.

Направете листа на лошите работи низ кои имате поминато

Потсетете се на лошите ситуации во кои се имате најдено, како успешно сте ги решиле и убедете се дека не сте „проклети“. Пробајте да се сетите како сте ја решиле секоја претходна лоша ситуација и така ќе сфатите што треба да направите понатаму.

Натерајте се да се држите до плановите

Можеби утринското трчање изгледа тешко, но самиот напор кој го бара станувањето рано е најважен. Одржувањето на плановите можеби е потешко од што изгледа, но најбитно е да си поставите точки кои ќе ги следите за да не барате оправдувања за секојдневните обврски.

Запишете се на курс или поставете си предизвик

Почнете со одење на курс или најдете некој предизвик кој не бара емотивна поврзаност. Можете да тргнете во теретана, за да си покажете на себе дека сте силни.

Потпрете се на луѓе

Да се биде силен значи да им дозволиш на другите луѓе да ти помогнат. Тоа ќе покаже дека имате доверба во другите луѓе, но и дека сте отворени за нивен совет или помош.

Слични објави

Почина модниот дизајнер Роберто Кавали, кралот на животинскиот принт

еспресо

(Видео) Роналдо го покажа новото „ферари“: Суперавтомобил што вреска луксуз и брзина

еспресо

15 000 посетители на овогодинешниот Саем на мебел кој се одржа минатата недела

еспресо

(Фото) Најубавите модни изгледи на Оскарите: Од Маргот Роби до Зендаја, Аријана Гранде, Џенифер Лоренс, Шарлиз Терон…

еспресо

Момченце починало поради предизвик на Тик Ток: Опасен тренд „хромирање“ се шири на социјалните мрежи

еспресо

„Костимот во Македонија…“ од Зорка Тодорова-Младеновиќ: Лекција за идните модни креатори и костимографи

еспресо
Се вчитува....