10.8 C
Скопје
01:36 - 24 април, 2024

Меган Маркл и принцот Хари се преселија во Лос Анџелес!

Меган Маркл и принцот Хари ја напуштија Канада и се преселија во Лос Анџелес, јавува магазинот „People“.

Војводата и војвотката од Сасекс моментално се преселени во САД и се наоѓаат во родниот град на Меган, Лос Анџелес. Тие моментално живеат подалеку од очите на јавноста и немаат вложено во никаков имот се уште, поради пандемијата од коронавирусот.

Иако парот живееше во Канада со својот 10-месечен син, извор за магазинот „People“ вели дека Хари и Меган имале планови да се пресели во Лос Анџелес уште од почетокот.

Меган има голема поддршка во Лос Анџелес, вклучувајќи ја и нејзината мајка Дориа, која работи како социјален работник и јога инструкторка, но исто така има и пријатели кои постојано ја посетуваа во Канада.

Парот бара куќа за да се пресели по завршувањето на пандемијата, вели изворот за „People“.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо
Се вчитува....