21.8 C
Скопје
13:10 - 28 март, 2024

Македонци со вкус: Погледнете кои наши јавни личности „шетаат“ манекенки за рака! (ФОТО)

Факт е дека мажите отсекогаш „паѓале“ на згодни манекенки. Такви примери во светскиот шоу-биз има многу. 

Но, такви примери има и на нашата естрада.  „Еспресо“ ќе ви издвои неколкумина познати мажи од нашата земја кои покрај себе имаат згодни манекенки.

Прв на списокот ќе го ставиме пејачот и бизнисмен Дарко Гелев – Брејк. 

Фото: Инстаграм

Поранешната „Мис на Македонија“,  Драгана Клопчевска е девојката која пред неколку години го освои неговото срце. Драгана и Брејк се во брак околу десетина година и имаат две заеднички деца.

Стефан Филиповски од „Некст тајм“ исто така е „слаб“ на убави манекенки.

Фото: Инстаграм

Од неодамна со манекенка покрај себе се скраси и Стефан од познатото дуо. Тој веќе неколку месеци е во врска со една од најубавите девојки во нашата земја,  манекенката Маја Ристевска.

Менаџерот Иво Јанковски ја има една од најубавите жени на сите времиња.

Фото: Инстаграм

Многумина ќе кажат дека Иво е вистински среќник што покрај себе ја има како што кажавме важи за една од најубавите жена во Македонија на сите времиња. Иво и Надица се во врска неколку години, а дека нивната љубов цвета, сведочат и заедничките фотографии кои тие постојано ги објавуваат на социјалните мрежи.

Спортистите се тие што најмногу „паѓаат“ на убави манекенки. Таков пример е и со фудбалерот Влатко Гроздановски. 

Фото: Инстаграм

Поранешниот фудбалер на ФК Вардар беше долги години во љубовна врска со манекенката Христина Мицевска, а нивната љубов ја крунисаа со брак пред четири години.

И голманот на ФК Вардар, Филип Гачевски – Гача не е имун на манекенки.

Фото: Инстаграм

Популарниот Гача веќе неколку години е во љубовна врска со манекенката и водителка Деспина Царева, која во 2013 година ја освои титулата „Мис бикини – Балкан“.

Слични објави

Богатството на Драгана Мирковиќ се проценува на 100 милиони! Од имотот, бизнисите и автомобилите на пејачката и Тони ќе ви се сврти во глава

Еспресо

„Официјално сум разведен“, Харис Џиновиќ излезе од суд и порача: Мелина е никаква, не простувам неверство!

еспресо

Големо изненадување: Пет хороскопски знаци кои ќе доживеат драстични промени во април

еспресо

(Фото) Саудиска Арабија за првпат на Мис Универзум: Оваа убавица го направи историскиот чекор

еспресо

Еден од најпознатите јутјубери во светот призна дека има рак: „Сакаа да отстранат бенка“, а дијагностицирале меланом

еспресо

Британците бараат виновник: Кој шири лаги за Кејт Мидлтон?

еспресо
Се вчитува....