2.8 C
Скопје
05:20 - 19 април, 2024

Кит Ричардс донесе важна одлукa: На 77 години престанува да пуши!

Легендарниот гитарист Кит Ричардс оваа година ќе наполни 77 години, а како што пренесуваат американските медиуми, славниот рокер донел многу важна одлука – престанува со пушење!

Гитаристот на „Rolling stones“ со децении наназад се водеше по познатата парола – „секс, дрога, рокенрол“, а пред големата американска турнеја која „Rolling stones“ ја почнуваат во мај оваа година, тој одлучил да стави крај на својот најголем порок – цигарите.

Да се одвикнете од никотин е потешко отколку да прекинете да земате хероин – рече Кит во 2018 година.

Турнејата на популарните Стонси беше планирана за минатата година, меѓутоа таа е одложена поради здравствените проблеми со кои се соочуваше 76-годишниот фронтмен Мик Џегер.

Фото: Профимедиа

За потсетување, Џегер кон почетокот на април 2019 година имаше операција на срцето. Тој целосно се опорави и продолжи со секојдневните обврски.

Инаку, турнејата опфаќа вкупно 10 американски градови. Џегер и Ричардс им ветија на обожавателите концерти за паметење, а интересно е тоа што тие двајцата заедно имаат 152 години!

Слични објави

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо

(Фото) Ова ли е Меган Маркл? Облечена во маица од 60 долари и речиси беш шминка

еспресо
Се вчитува....