18.8 C
Скопје
11:00 - 29 март, 2024

Ким Кардашијан може да се кандидира за претседателка на Америка: Нејзиниот пријател ги откри плановите!

Ким Кардашијан Вест минатата година во интервју за „Vogue“ откри дека студира право, дека 4 години ќе биде приправник во една канцеларија во Сан Франциско и дека ќе го полага правосудниот испит во 2022 година.

Многумина не го сфатија озбилно овој нејзин потег во кариерата, но сега се појавуваат информации кои откриваат дека во прашање е само дел од многу поголем план на Ким Кардашијан –  еден ден да стане претседателка на Америка.

Profimedia

Нејзиниот најдобар пријател Џонатан Чебан, кој пред неколку месеци го смени законски своето име во Фудгод (анг. бог на храната), во разговор за MailOnline сподели интересни детали.

„Мислам дека некако ќе завршиме во Белата куќа. Не знам што точно ќе биде мојата улога, но некако ќе успееме да бидеме во Белата куќа“, рече тој. „Потребна ми е позиција во Белата куќа. Сакам да се залагам за тоа сите деца да имаат прекрасен ручек во училиште. Би можел да бидам секретар за социјални прашања, нешто забавно“.

Profimedia

Со оглед на тоа дека Канје Вест повеќе пати најавуваше дека ќе се кандидира за претседател во 2024 година, што малкумина го сфатија сериозно, многумина веруваа дека Ким Кардашијан се надева да влезе во Белата куќа како прва дама, но Чебан се надева дека неговата пријателка ќе биде претседателка.

„Навистина можам да го замислам тоа“, рекол тој во Њујорк.

„Мислам дека би можела да биде првата жена претседател овде. Жал ми е што на Хилари тоа не ѝ успеа. Таа е многу попривлечна од Хилари“, имаше Фудгод порака за Хилари Клинтон, поранешната прва дама и поранешна кандидатка за претседател на Америка.

Тој додал дека доколку Ким стане претседателка, тој ќе се погрижи сите во светот да јадат „добра храна“ и сите да ги имаат „десертите на Фудгод“.

Profimedia

„На секој во животот му треба малце Фудгод“, заклучи тој.

Инаку, Ким Кардашијан два пати ја има посетено Белата куќа. Неодамна зборуваше за тоа колку е важно Американците да им помогнат на поранешните зартвореници да се вработат, а во мај 2018 година со претседателот Трамп во Вашингтон се сретна за да разговара во врска со случајот на Али Мери Џонсон, која во 1997 година е осудена на доживотен затвор поради ненасилно злодело поврзано со дрога во Мемфис, за претседателот наредниот месец веќе да ја помилува затвореничката.

Слични објави

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо

Дожд од пари: Три хороскопски знаци конечно ќе го решат финансиското прашање

еспресо

Харис Џиновиќ ја отвори душата: „Таа побегна, ни со децата немаше контакт, баш добра мајка!“

еспресо

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо
Се вчитува....