17.8 C
Скопје
18:19 - 28 март, 2024

Кевин од „Сам дома“ после 30 години проговори за неговиот однос со Мајкл Џексон!

Актерот Меколи Калкин (39) во неколку наврати го бранеше угледот на кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон, откако го обвиниja за сексуално малтретирање на деца, а во најновото интервју Меколи изјави дека Џексон никогаш ништо не му направил.

Калкин е една од најголемите филмски ѕвезди на 90-те години, а со Мајкл Џексон бил пријател. Жртвите на Џексон проговоријa за кралот на поп-музиката во документарниот филм „Leaving Neverland“, кој подигна многу прашина.

Медиумите претпоставуваa дека Џексон сексуално го злоупотребувал и Калкин, но актерот ги негираше сите тие гласини.

„Мене никогаш не ми направи ништо. Никогаш не сум го видел да направи некакво зло на некој. Немам ништо да сокријам, особено после толку поминато време“, рекол актерот.

Калкин се присетил дека во еден момент го сретнал Џејмс Франко кој го прашал за коментар во врска со контроверзниот документарен филм, но не сакал ништо да му каже.

Меколи Калкин со Мајкл Џексон започнал да се дружи откако станал познат актер, а дури глумел и во спотот за неговата песна „Black Or White“.

Ѕвездата на „Home Alone“ истакнува дека тој и кралот на поп-музиката започнале да се дружат, бидејќи и двајцата имале татковци кои ги притискале да станат славни. Актерот и пејачот одлично се забавувале и постојано се смееле, а таа традиција ја продолжил со неговата ќерка Парис (21), на која ѝ е кум.

Instagram/Printscreen

Во една прилика Меколи рекол дека тој и Парис украле лажици од ресторан, но дека сето тоа било само шега. После тоа се одлучиле да истетовираат лажица на раката. Тој истакнал дека ја советувал Парис, никогаш да не заборави да се „глупира“ и забавува.

Меколи и Мајкл последен пат се сретнале во 2005 година и тоа на судењето на Џексон за педофилија.

Слични објави

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо

(Фото) Весна Змијанац бакна непознат маж: Помлад од неа и покриен со тетоважи

Еспресо

(Фото) Ова е сестрата на Драгана Мирковиќ, неверојатно си личат: Таа ѝ е најголема поддршка!

еспресо

(Фото+видео) Теодора Џехверовиќ првпат „уловена“ со новиот дечко: Пејачката ужива во љубовта со познат кошаркар

Еспресо

Прва објава на Тони Бијелиќ за разводот со Драгана и неговата љубовница: Отсекогаш сум бил чесен и достоинствен!

Еспресо

Богатството на Драгана Мирковиќ се проценува на 100 милиони! Од имотот, бизнисите и автомобилите на пејачката и Тони ќе ви се сврти во глава

Еспресо
Се вчитува....