23.8 C
Скопје
14:52 - 29 март, 2024

Ќерката на најпознатиот ловец на крокодили му ја посветува венчавката на својот татко: Ќе запалиме свеќа во негова чест

Бинди Ирвин и нејзиниот вереник Чендлер Пауел одлучија следната година церемонијата на венчавката да ја одржат во Австралиска зоолошка градина, во знак на сеќавање на покојниот татко на Бинди, светски познатиот ловец на крокодили Стив Ирвин.

Веста за „Курир мејл“ ја потврди Тери Ирвин, додека зборуваше за покојниот сопруг Стив.

Сакаме тој да ден да се сетиме на него на тој начин што на венчавката сите ќе запалиме свеќа – вели Тери Ирвин, а пренесува „Мирор“.

Верувам дека луѓето кои ги сакаме се уште се тука. Знаете, ако некој ви недостасува, мислам дека е корисно да се знае дека не можете во реалноста преку наука да создадете или угасите нечиј живот, можете само да го промените неговиот облик – додаде таа.

Тери исто така откри дека помладиот син Роберт, во отсуство на Сти, ќе ја носи својата сестра до олтарот во текот на венчавката.

Бинди, која исто така е голем љубител на животни, во претходно интервју за еден магазин откри повеќе детали за своите прилично необични планови за венчавката.

21-годишната Ирвин рече дека таа и вереникот Чендлер се надеваат дека ќе хранат крокодили во зоолошката градина веднаш по церемонијата.

View this post on Instagram

These memories make me smile??

A post shared by Bindi Irwin (@bindisueirwin) on

Бинди исто така се надева дека еден ќе има сопствени деца и ќе ги поттикне да се разбуди и во нив истата страст кон природата и животните, како што тоа го направиле нејзините родители со неа.

Слични објави

(Видео) Андрија Милошевиќ на уникатен начин го прокоментира разводот на Драгана Мирковиќ: А што е со неа, дали е здрава?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ гордо го покажа скапиот прстен што го доби од Драган и објасни како го добива она што го сака

К. А.

(Видео) Прекинат концертот на Александра Пријовиќ во Бања Лука, пејачката веднаш реагираше

Еспресо

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо
Се вчитува....