7.8 C
Скопје
08:34 - 18 април, 2024

Кажете им збогум на акните со овие 4 природни есенцијални масла

Акните се проблем кој се провлекува не само низ пубертетот, туку и подоцна во животот. Има илјадници третмани, креми и лосиони кои секојдневно се користат.

Некои од нив делуваат, а некои може да предизвикаат други иритации поради тоа што во својот состав содржат вештачки бои и состојки кои може дополнително да ја исушат кожата.

Поради тоа, акните е најдобро да ги третирате со природни третмани, како што се есенцијалните масла на база на билки.

Овие 4 есенцијални масла се покажале како најделотворни во борбата со акните:

Масло од чајно дрво

Маслото од чајно дрво има анто-воспалително својство и спречува појава на акни. Освен на лицето, можете да го користите и на кожата на целото тело.

Неколку капки се доволни, а може да се користи неколку пати на ден.

Масло од лаванда

Ова масло е делотворно за целиот организам. Спречува појава на акни, а делува и на лузните предизвикани од акни и други иритации.

Дополнителна предност е и неговото анти-стрес дејство. Една мала лажичка во комбинација со кокосово или бадемово масло е доволна, а можете да го користите секој ден.

Масло од оригано

Маслото од оригано содржи висок процент на фенол, состојка со моќни анти-воспалителни својства која истовремено и ја штити кожата.

Растворете 2-3 капки во друго масло, како масло од јојоба или кокосово масло, и нанесете на проблематичните делови.

Масло од рузмарин

Рузмаринот е растение кое има многу делотворни ефекти на здравјето. Маслото од рузмарин се користи за подобрување на меморијата, намалување на крвниот притисок и отстранување на акните и флеките од кожата.

За најдобри резултати, измешајте 3-4 капки масло од оригано со масло од чајно дрво и поминете ги проблематичните делови.

Слични објави

Ангио тимот од Клиника „Жан Митрев“ повторно во акција

еспресо

Интервју со д-р Горан Јовиќ, хирург уролог во Клиника „Жан Митрев“: Мажите барем еднаш годишно треба да се јавуваат на уролошки преглед

еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Депресија – како настанува и како да си помогнеме

еспресо

Светски ден за подигање на свеста за аутизмот

еспресо

Интервју со д-р Никола Христов, специјалист по кардиоваскуларна хирургија во Клиника Жан Митрев

еспресо

Сите одговори на прашањата поврзани со пертусис или голема кашлица

Се вчитува....