Кавгите не значат КРАЈ на љубовта, туку нејзин ПОЧЕТОК!

Во врска сте веќе неколку месеци, но никогаш не сте се скарале со партнерот. Одеднаш доаѓате до конфликт и не знаете како да се однесувате. Дали тоа е знак дека на врската ѝ дошол крајот? Секако дека не. Всушност, вашата врска исто како да не започнала додека не дојдете до ситуација да се скарате.

Не можете вистински да го запознаете партнерот додека не видите каков е кога не се согласува со вас. А клучот за успешната караница се крие во добрата комуникација. Прочитајте ги следните три совети кои ќе ви помогнат да се справите со првата караница со вашиот партнер…

1. Не копајте дупка

Кога ќе дојдете до конфликт сигурно ќе си помислите дека врската е изложена на ризик. Можеби дури и ќе го прашате партнерот дали сѐ уште сака да биде со вас. Тоа се нарекува копање дупка. Се соочувате со некаков проблем и вие наместо да го решите, се закопувате уште подлабоко. Немојте да го водите разговорот во насока која може да доведе до крај на врската. Фокусирајте се на позитивните работи и не спомнувајте раскинување.

2. Променете ја темата

Проблемите многу ретко се решаваат во моментот кога настанале. На мажите особено им треба време за да ги дефинираат мислите и да најдат начин да ги искажат. Можеби си мислите дека мора во истиот момент да го решите проблемот. Но, најдобро е да ги оставите работите нерешени некое време. Застанете за момент, земете воздух и променете ја темата. Ова можете да го направите на многу едноставен начин, како на пример со реченицата: „Те разбирам. Што сакаш за вечера?“. Тоа е знак дека знаете како да се справите со незгодните ситуации и конфликтите за вас не претставуваат крај на светот.

3. Оставете го решавањето на проблемите за тогаш кога ќе ги поправите односите

Доколку имате доволно трпение да ги тргнете проблемите настрана кога сте со вжештена глава, партнерот ќе заборави на караницата и ќе се сети зошто ве сака и колку му е забавно кога е со вас. Пожелно е да им обрнете внимание на проблемите кога ќе ги поправите меѓусебните односи. Тогаш кога и двајцата ќе бидете повторно вљубени и среќни, проблемите нема да ви се чинат како голема работа. Можете да го спомнете проблемот со зборовите „Те сакам, но имам некое лошо чувство во врска со нашиот проблем. Што мислиш ти за тоа?“. Потоа, слушајте внимателно и заеднички дојдете до вистинското решение.

Карањето не е крај на љубовната врска, туку нејзин почеток. Станува збор за едноставна формула: Не копајте дупка, променете ја темата и почекајте да помине некое време за да ги поправите односите. Тогаш ќе имате доволно самодоверба за да излезете од непријатната ситуација достоинствено и храбро.

Слични објави

Тијана Дапчевиќ без влакна на јазикот: Нема потреба да се додаваат нови вируси во општеството, и овој што го имаме е сосема доволен

Еспресо

СВЕТОТ ШОКИРАН: Принцот Хари ја изневерувал Меган со оваа АТРАКТИВНА МАНЕКЕНКА! (ФОТО)

Igor

Ламбе Алабаковски повторно стана татко: Прочитајте кое име го одбра за својот син! (ФОТО)

Еспресо

Се бакнуваа, се тегнеа за уши и што ли уште не: Саша Ковачевиќ на јавно место разменува нежности со девојка му Зорана (ФОТО)

Igor

Дневен хороскоп за 20 март 2019 (среда)

Igor

Ѕвездата од БЕВЕРЛИ ХИЛС може да заврши во затвор: Еве колку пари должи!

Igor

Остави Коментар

оне × четири =

Слични објави

Ирина Шајк во фустан кој мами воздишки! (ФОТО)

Igor

Кристина Агилера не може да се насмее поради ботоксот! (ФОТО)

Igor

Лејди Гага напиша: „Lokah Samastah Sukhino Bhavantu“ и направи хаос! Еве, што значи тоа! (ФОто)

Igor

Се бакнуваа, се тегнеа за уши и што ли уште не: Саша Ковачевиќ на јавно место разменува нежности со девојка му Зорана (ФОТО)

Igor

Актерот Милош Биковиќ има беровско потекло! (ФОТО)

Васко Спасоски

Кои се предностите од утринскиот секс?

Еспресо