5.8 C
Скопје
08:04 - 19 април, 2024

Карлеуша ја обвини Аријана Гранде дека ја копира, но изгледа дека е обратно (ФОТО)

Јелена Карлеуша (41) ја обвини светски познатата ѕвезда Аријана Гранде дека ѝ го ископирала стајлингот.

Аријана Гранде (26) на доделувањето Греми викендов носеше фустан каков што во октомври минатата година носеше Карлеуша.

Карлеуша го забележала тоа и го сподели со фановите на Инстаграм.

instagram
instagram

„Во ред е да се има ист фустан, но ако е по посебна нарачка… Фустанот на Аријана го дизајнирал Џамбатиста Вали, што ја прави ситуацијата уште посмешна. Но не е во ред, не поради мене, туку поради Амина Хасанбеговиќ, која го направи оригиналниот фустан“, напиша Јелена на Инстаграм.

Откако Карлеуша по којзнае кој пат истакна дека некој нејзе ја копира, со свои коментари се вклучија бројни корисници на социјалните мрежи. Дојдоа до заклучок дека Јелена згрешила, бидејќи оригиналниот фустан е направен во 2016 година и го дизајнирал токму Џамбатиста Вали.

„Се надевам дека ќе го избрише коментарот. Дотичната дизајнерка буквално ја украла идејата на странскиот дизајнер и ја подметнала како своја… Ако ништо друго, ја закопа дизајнерката“, се само некои од коментарите.

Слични објави

Како земјотрес: Три хороскопски знаци ги чекаат големи промени на крајот на април

еспресо

„Црна“ низа денови: Два хороскопски знаци ќе имаат неволји во втората половина на април

еспресо

(Фото) Секси мама: Антониа Гиговска во провокативен фустан на моден настан во Хрватска

Еспресо

Саботажа: Џенан Лончаревиќ се сомнева дека жена му намерно го одовлекува разводот со врски

Еспресо

(Фото) Цеца покажа во каков луксуз го прослави првиот роденден внукот Крстан: Како во бајка

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ и сопругата се најдоа среде бурата во Дубаи: Споделија морничави кадри

Еспресо
Се вчитува....