11.8 C
Скопје
02:06 - 25 април, 2024

Карла Бруни јавно се извини за своето непромислено однесување во врска со коронавирусот (ВИДЕО)

Некогашната манекенка Карла Бруни (52) и сопруга на поранешниот француски претседател Николас Саркози (65), ја згрози јавноста со своето однесување и изјавите во врска со коронавирусот.

Додека многу нејзини колеги на своите следбеници им препорачуваат да бидат внимателни и одговорно да се однесуваат поради вирусот, Карла на снимката која го заобиколи светот изјави дека тоа нејзе не ја загрижува и се потсмеваше на луѓето кои се грижат за новонастанатата ситуација во светот.

На снимката која е објавена на Јутјуб, Карла која што се сретнува со претседателот на LVMH модната група, Сидни Толедан (68), вели:

„Секако дека ќе се бакнеме, не сме глупи. Ние сме стара генерација која не се плаши од ништо. Не сме феминисти и сигурно не се плашиме од коронавирусот“, беше изјавата на Карла упатена кон Толедан.

После таа изјава, манекенката изглуми кашлање и се наметнуваше во лицето на останатите.

Оваа снимка ја пренесе и француската телевизија, после што јавноста започна да ја критикува поранешната Прва дама, иако снимката настана пред да се влоши ситуацијата и прошири коронавирусот.

Карла после сите овии критики се огласи на друштвените мрежи.

„Сакам да се извинам на сите кои го видоа видеото и кои беа шокирани од содржината. Сакам да кажам дека ова не се одразува на моите вистински чувства. Понекогаш сакаме да се пошегуваме и тоа може да испадне невкусно, иако сме сакале само да ги забавуваме присутните и направиме шоу“, напиша Карла.

А еве го и скандалозното видео:

Слични објави

Вртоглав успех: Два хороскопски знаци ќе направат пробив во кариерата на крајот на месецот

еспресо

Нина Бадриќ си ја отвори душата: Платив висока цена, психопати пробаа да ме малтретираат

Еспресо

Исчезна од сцената поради неизлечлива болест: Селин Дион искрено проговори за тешката борба

Еспресо

„Татко ти те научи да бидеш добар човек“: Српски свештеник го угости пејачот Никола Роквиќ

Еспресо

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо
Се вчитува....