25.8 C
Скопје
16:09 - 29 март, 2024

Како завојуваа Кејт и Меган? Јатрвите 6 месеци не размениле ниту збор! (ФОТО)

Меган имала чувство дека одделни членови на кралското семејство ја гледале од висина поради тоа од каде доаѓа, изјави изворот.

Од првиот момент кога се обелодени дека принцот Хари се забавува со Меган Маркл медиумите ја споредуваа американската актерка со избраничката на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон. Цело време се пишуваше за нивниот стил на облекување, но во центар на вниманието се најдоа и манирите, образованието и воопшто, минатото на двете убавици, пишува Glossy.

Како што врската на принцот Хари и Меган напредуваше, особено по нивната венчавка, споредбите станаа секојдневие, а војвотката од Кембриџ Кејт и војвотката од Сасекс Меган секогаш изгледале како одлично да се согласуваат.

Се чини, сепак, дека претставниците на медиумите претчувствувале нешто – минатата година започнаа „шушкањата“ дека славните јатрви всушност „не се мирисаат“, а набрзо се прочу и дека нивните мажи се во лош однос, иако Вилијам и Хари отсекогаш биле не само браќа туку и најдобри пријатели. Судејќи според најновите вести, односот меѓу војвотките бил толку уништен што тие двете престанале да комуницираат.

Како што јавува The Sunday People, Кејт Мидлтон и Меган Маркл последен пат разговарале дури пред шест месеци, а дури и тогаш само во рамките на семејната група на една апликација за допишување.

„Меган имала чувство дека одделни членови од кралството ја гледаат од висина поради местото од каде доаѓа таа. Тоа предизвика многу нервози и ги направи односите лоши. Мораа да пронајдат начин да го решат тоа и да продолжат понатаму како семејство“, изјави извор близок на дворецот.

Слични објави

Тронот на Монако може да го преземе сестрата на принцот Алберт: Неговиот татко се сомневаше во него! 

еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ на уникатен начин го прокоментира разводот на Драгана Мирковиќ: А што е со неа, дали е здрава?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ гордо го покажа скапиот прстен што го доби од Драган и објасни како го добива она што го сака

К. А.

(Видео) Прекинат концертот на Александра Пријовиќ во Бања Лука, пејачката веднаш реагираше

Еспресо

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо
Се вчитува....