17.8 C
Скопје
09:14 - 28 март, 2024

Италијанците се гневни на славната манекенка поради видеото во кое се мајтапи со коронавирусот и глуми задушување

„Секако дека ќе се бакнеме, не сме ние глупави! Ние сме стара генерација. Не се плашиме од ништо, не сме феминисти и сигурно не се плашиме од коронавирусот, во добро расположение му порачала Карла Бруни Саркози на својот пријател, претседателот на модната групација „Лвмх“, Сидни Толедан.

Откако снимките ги пренела француската телевизија Канал 5, Италијанците на социјалните мрежи се бесни на „бедниот обид на иронизација на ситуацијата“, пишува италијанскиот дневен весник „Ла Република“.

Јасно е дека поранешната италијанска манекенка, кантавторка и сопруга на поранешниот француски претседател Саркози, се обидела да се пошегува. Јасно е и дека оваа шега била пред Италија да ја зафати епидемија. Но денес, вакво однесување на една јавна личност е недозволиво.

Но, не само што Бруни наредила неколку безобразни изјави, туку и театрално одглумила респираторна криза. Глумејќи напад на кашлица, и тоа пред камери, завршила со напад на смеење. Смеејќи се на болеста која однесе, само во последните 24 часа, над триста животи во нејзината татковина, Италија.

Не дека Италијанците немаат слисла за хумор. Но пред ситуација, каква што е оваа, ваквиот хумор, сметаат Италијанците, дека е крајно невкусен.

Слични објави

Астропрогноза за четврток, 28 март: За Овните нови можности, за Биковите напредок

еспресо

Ќе „загубат глава“: Три хороскопски знаци лудо ќе се вљубат во април

еспресо

Ана Бекута се врати во „Ѕвездите на Гранд“: „Мислам дека некому пречам“

еспресо

Последните денови на Слаѓана Милошевиќ: „Ме фати за раце и врескаше ‘помош, помош”

еспресо

Марија Шерифовиќ купи „нова машина“: Пејачката се почести со бесен автомобил од речиси 190.000 евра

Еспресо

„Жал ми е…“: Ана Николиќ проговори по гласините дека ја запознала љубовницата на сопругот на Драгана Мирковиќ

Еспресо
Се вчитува....