5.8 C
Скопје
01:28 - 26 април, 2024

Исповед на мистериозната ќерка на Аркан: Беше внимателен кон децата, се лутеше кога се враќав доцна од ноќните излегувања! (ФОТО)

Веруваме дека малкумина од вас знаат дека Аркан Ражнатовиќ има и вонбрачна ќерка која живее во Белгија.

Нејзиното име е Софија, а ја добил по кратката врска со социјалната работничка која се грижела за него во белгиски затвор.

Таа неодамна беше на 17-годишниот помен на татка си и за прв пат прозборе за медиумите, за својот татко, својот живот и односот со својата маќеа Цеца.

Фото: Профимедиа

– Дојдов да оддадам почит на својот татко кој многу го сакав. Иако веќе цели 17 години не е меѓу нас, живее и понатаму во мене. За мене ова е најтежок ден во животот. Живеам далеку и не доаѓам често, но мило ми е што денес сум овде во Србија за да си ги испочитувам родителите. Полно ми беше срцето кога ги видов сите негови пријтели кои ги сакаше неизмерно – рекла Софија.

Таа вели дека Аркан за неа бил најдобриот човек на светот, грижлив татко и човек полн со љубов.

– Беше внимателен кон децата, особено кон мене, се лутеше кога се враќав доцна од ноќните излегувања. Знам дека беше познат, но кон децата беше сосема поинаков, нежен и полн со љубов. Секогаш сакаше да бидеме една голема и сложна фамилија – додала Софија низ солзи.

Последниот разговор со татка си го имала неколку дена пред смртта.

– Сакаше да ми среди документи за да добијам српски пасош. Разговаравме за тоа, ми вети дека ќе среди и дека ќе биеме заедно, вели таа.

Исто така, за својата маќеа Цеца, има само пофални зборови:

– Цеца многу ја почитувам, таа за мене е силна жена. Со оглед на тоа дека не живеам тука не знам дали нешто лошо се зборува за неа и за нас, но немам никаков проблем со неа и никогаш не сум ни имала. Се сложувам со целата фамилија – изјавила Софија.

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо
Се вчитува....