23.8 C
Скопје
14:28 - 29 март, 2024

И принцот Хари наседна на телефонска измамата: Мислел дека му се јавува Грета Тунберг! (ВИДЕО)

Принцот Хари се јавил на телефон и се расприкажал за Мегзит, за Доналд Трамп и за светските водачи. Мислел дека му се јавува Грета Тунберг, активистката за заштита на околината. Него всушност му се јавиле руските пранкстери Владимир Кузнецов Вован и Алексеј Стојларов Лексус, и содржината на разговорот јавно ја објавиле, пишува Сан.

Русите тврдат дека двапати разговарале со Хари преку фиксна линија во неговиот дом на островот Ванкувер во Канада. Го убедиле дека зборува со Грета и со нејзиниот татко Свен Тунберг. Како што тврдат, разговортите се одвивале на 14 јануари и на 22 февруари.

Едниот од разговорите го објавиле во понеделникот вечерта на Јутјуб и на Фејсбук, но разговорот набрзо бил тргнат. На социјалните мрежи кружат исечоци од разговорот на кои се слуша глас сличен на Хари.

Во разговорот Хари рекол дека Доналд Трамп има „крв на рацете“, поради неговите ставови за климатските промени, британскиот политички систем го нарекол „скршен“ и признал дека е целосно одвоен од остатокот на кралското семејство.

„Можете да бидете сигурни дека бракот со принц или со принцеза не е како што изгледа. Има многу слоеви и многу делови од сложувалката. Понекогаш правилната одлука не е најлесната, но тоа беше вистинската одлука за нашето семејство, вистинска за да го заштитиме нашиот син. Мислам дека има многу луѓе ширум светот што ќе се поистоветат со нас и ќе нè почитуваат што го ставаме семејството на прво место“, изјавил Хари за Мегзит.

Не верувајте во сè што ќе слушнете, никој не ни ги земал титулите. Технички сме семејство, но ако заработуваме пари одвоено од семејната структура, логично е што бараа да не ги користиме титулите за да заработуваме, што никогаш и не би го направиле“, рекол Хари.

Го коментирал и пријателството со принцот Ендрју, како и со педофилот Џефри Епстајн.

„Што и да направил или не направил, нема врска со мене и со жена ми. Ние се фокусираме на заедницата и целосно сме одвоени од поголемиот дел од мојата фамилија, открил Хари.

Портпаролот на Хари одбил да го коментира телефонскиот разговор.

Слични објави

(Фото) Јована Јеремиќ гордо го покажа скапиот прстен што го доби од Драган и објасни како го добива она што го сака

К. А.

(Видео) Прекинат концертот на Александра Пријовиќ во Бања Лука, пејачката веднаш реагираше

Еспресо

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо

Шокантни детали за Шарлин и Алберт од Монако: Таа троши како луда, а тој ги плаќа и љубовниците

еспресо

Астропрогноза за петок, 29 март: На Бикот ќе му се врати старата љубов, Лавовите ќе бидат кралеви на денот

еспресо
Се вчитува....