10.8 C
Скопје
19:36 - 25 април, 2024

Храна која може СЕРИОЗНО ДА ВИ НАШТЕТИ ако ја јадете во погрешно време

Имате одредени тегоби, но не знаете што ги предизвикува? Проверете ја оваа листа, можеби одговорот се крие во намирниците кои ги јадете.

Банани

Бананите содржат шеќер кој ќе ви даде налет на енергија, но по два часа не само што ќе бидете гладни, туку ќе почувствувате и замор. Кај луѓето со нервозни црева, бананата може да има спротивен ефект отколку кај оние со мирни, па да предизвика дијареја. Ако веќе не можете да замислите појадок без банана, комбинирајте ја со нешто масно, како на пример путер од јатки или со авокадо.

Кафе

Многу луше не можат да го започнат денот без кафе, но единствен бенефит од пиењето е само тоа што ќе развиете толеранција на кофеин. Затоа, подобро е да пиете кафе 2-3 часа после будењето, а да го избегнувате пред спиење.

Ориз

Оризот не треба да го јадете навечер, бидејќи содржи сложени јаглехидрати за кои треба повеќе време да се сварат во дигестивниот систем. Тој е одличен за ручек, бидејќи потоа веќе нема да ви прави тежина.

Млеко

Млекото не се пие наутро особено кога сте возрасни и го пиете заедно со појадокот. Кај децата нема изразено дејство, но кај возрасните тешко се вари и предизвикува болки во стомакот. Најдобро е да го пиете непосредно пред спиење, кога вашиот дигестивен систем е разработен по целиот ден.

Јатки

Тие се извор на здрави масти, ама не е добро да се јадат навечер. Јатките се добри за комбинација во појадокот или за првата ужинка меѓу појадокот и ручекот.

Месо

Месото е извор на проетини, но треба да внимавате со неговото консумирање наутро и навечер. Наутро немате доволно активни ензими кои ќе го сварат, а навечер може да ви пречи во спиењето. Најдобра опција е меѓу оброкот со месо и спиењето да има најмалку три часа.

Цитруси

Пиење сок од цитрусно овошје наутро е лоша идеја, бидејќи киселините кои ги содржи ја спречуваат апсорпцијата на хранливите состојки од оброците. Сокот од цедени цитруси треба да се пие по оброк.

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....