15.8 C
Скопје
19:42 - 24 април, 2024

Храна која мислиме дека е здрава, а всушност е штетна

Погрешните диети може да предизвикаат многу поголеми здравствени проблеми отколку цигарите или хамбургерите.

На оваа листа ќе најдете многу продукти кои се дел од вашата диета, но кои за жал, погрешно го добиле епитетот здрави.

Еве за кои се работи:

Свежи сокови

Смутито и свежо цедените сокови се одлични ако треба да внесете поголема количина овошје во текот на денот. Но, при процесот на блендирање се „кинат“ растителните влакна и тогаш добивате овошна смеса која е полна со фруктоза, а нема влакна кои би ја „врзале“. Една чаша свеж сок има енергетска вредност колку лименка газиран сок.

Гранола плочки

Од една страна се богати со хранливи состојки, но од друга страна, во нив има многу шеќер. Не е грев да изедете една плочка за да ја вратите енергијата, но не заменувајте цел оброк со нив.

Суши

На прв поглед, нема ништо лошо во храна која е подготвена од свежи состојки. Сепак, сосовите и преливите како што се мајонезот и соја-сосот се калорични и полни со сол и конзерванси.

Риба одгледана во рибник

Рибите во маркетите ретко доаѓаат од море, бидејќи на тој начин би биле многу поскапи и потешко достапни за купување. Одгледаните во рибник се нивна замена, но може да содржат адитиви кои се користат за брзо одгледување.

Храна без масти

Многу производители на храна нудат и продукти без масти или пак ги заменуваат со поздрава варијанта. Но, за да се компензира во структурата и конзистенцијата, тие користат повеќе шеќери и вештачки протеини.

Корнфлекс

Можеби изгледаат како лесна варијанта за појадок, но при процесот на производство се губат нивните хранливи состојки. Поради тоа треба да избирате житни снегулки, наместо корнфлекс.

Бел леб

Белиот леб се подготвува со бело брашно, квасец, шеќер и други адитиви. Подобро е да купувате леб кој е богат со цели житни зрна и семки, наместо обичен бел.

Соја

Сојата важи за намирница која е генетски модифицирана и според некои податоци, речиси и да нема соја која не содржи ГМО. Изофлавонидите (растителен естроген) може да предизвикаат одредени хормонални нарушувања, но и проблеми со тежината и метаболизмот.

Слични објави

Ново издание на туристички водич за Македонија каде раскажувањето е со љубов

еспресо

(Фото) Ви ги претставуваме Herbalife Pецептите: Вкусно патување кон лесна и здрава исхрана со Herbalife

Еспресо

Украси за елка што се јадат: Миризливи ѕвездички (традиционален германски рецепт)

Еспресо

Брз славски колач за Света Петка: Рецепт што ќе го запомните

Еспресо

(Фото) Билјана Јуруковски, фотографка меѓу африканските племиња: Психичките подготовки за моите патувања се потешки и од физичките

Јасмина Кантарџиева Димков

Превкусен ајвар по урнек на баба: Бранко Попоски ни го носи рецептот

Еспресо
Се вчитува....