10.8 C
Скопје
19:50 - 25 април, 2024

Хју Џекмен му даде поддршка на момчето кое беше жртва на насилство! (ВИДЕО)

Светот беше во шок кога ја виде снимката од момчето Куаден Бејлс кое во солзи беше снимано од страна на мајка му додека објаснува како бил малтретиран во училиштето.

„Сакам да се убијам. Сакам сега да умрам. Сакам некој да ме убие“, збореше момчето облеано со солзи.

За време на снимањето на ова потресно видео, неговата мајка проговори за насилството.

„Ова е тоа што насилството го прави. Сакам луѓето да знаат колку ова не навредува како семејство, сакам да ви дадам до знаење кој е резултатот на насилството. Нова епизода, ново насилство. Се обидуваме да останеме силни колку што е можно, но ова… ова е доказ како насилството влијае врз дете кое сака само да иде на училиште. Ова им се случува на луѓето. Се чувствувам како да сум потфрлила како родител, се чувствувам како целиот систем да потфрлил. Секој ден се случува ова, мака ми е веќе. Ќе изгубиме уште едно дете кое ќе изврши самоубиство поради насилство“; зборува мајката на детето.

Снимката е прегледана повеќе од 10 милиони пати, а се огласи и славниот актер Хју Џекмен на својот твитер-профил и прати порака за јавноста.

„Куаден, похрабар си од своите врсници и што и да се случи, имаш пријател во мене. Ве молам да бидеме внимателни едни спрема други. Животот е доволно тежок, затоа да запамтиме, секоја личност која стои пред нас се соочува со некоја борба, затоа само бидете љубезни“, порача Хју.

Слични објави

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ носи часовник од 500.000 евра! Убавата тенисерка прошета уникатен „Ролекс“

Еспресо

(Фото) Црна позадина, без зборови: Поранешниот сопруг на покојната водителка Бојана Јанковиќ занемен од тага и болка

Еспресо

Сеќавање на Велибор Џаровски-Џаро: „Животот е едно големо зезање“

еспресо

Откриени детали од судењето на Гоца Тржан и Маја Николиќ: Пејачката е подготвена за војна со инфлуенсерката

jasmina.kantardzieva

(Фото) Мина го покажа лицето на синот што го доби со Амиџиќ: Тој е плод на најголемата љубов што сум ја почувствувала во животот

Еспресо
Се вчитува....